Отворањето на училиштата е играње на (не)среќа со здравствениот систем, стабилноста на држава и ризичните групи

Здравствениот систем моментално е преоптеретен и одлуката на МОН за настава со физичко присуство само дополнително ќе го преоптерети. Се занемаруваат големите бројки, се игра со животот на луѓето, како да е лотарија.

Ако репер ни се развиените земји, не смееме да се водиме од нивните искуства. Особено по прашањето на постарите лица, кои се столб на македонското семејство.

  • Земјите со ниски приходи се соочуваат со многу различни околности во однос на земјите со високи приходи кога станува збор за отворање на училиштата.
  • Во земјите во развој, возрасните и старите лица обично имаат повеќе контакти со деца (внуци) отколку тие во напредните економии.
  • Одложувањето на отворањето на училиштата може да спаси животи.

Со засилувањето на новите варијанти на Ковид-19 заболуваат се повеќе деца, а страдаат се повеќе стари луѓе. Што мислите дека ќе се случи кога децата ќе почнат да одат на училиште, а бабите и дедовците ќе бидат изложени на вирусите кои децата ги носат?

Бабите и дедовците се најчесто ангажирани околу чувањето на внуците, нивно земање од училиште, готвењето, помагањето во домаќинството итн. Тие се најчесто некој вид вработени кај нивните деца и се вистинскиот столб на овие семејства!

Во изминатата година сведочевме на тоа колку постари луѓе заминаа прерано. Но, се чини дека тоа го прифативме нормално затоа што во развиените земји 60-тите години од животот се сметаат за втора младост, додека кај нас тоа го означува крајот на животниот век.

Зошто МОН по секоја цена инсистира на отворањето на училиштата кога бројките на заболени се „здивени“, не е јасно. Се чини дека одлуките се донесени пред новиот епидемиолошки бран и бродот на образованието по секоја цена мора да заплови по немирните води.

Што се ризичните, постарите луѓе и наставниците во таа приказна? Со внимателна анализа на нивните ликови заклучивме дека се едно од овие нешта: бројка, статистика или колатерална штета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *