Британскиот музеј е полн со украдени артефакти!

Британскиот музеј опфаќа 2 милиони години од историјата и содржи 8 милиони артефакти од целиот свет.

На листата на 12 артефакти кои не треба да се пропуштат се скулптурите од Велигденскиот Остров, Хинду божеството шива од Индија, каменот Розета и многу други чие историско значење е бесценето, а нивниот удел во колективната меморија и популарната култура е огромен.

Половина од овие 12 артефакти имаат спорна сопственост, а голем е бројот и на други, од целиот музеј, кои матичните држави ги прогласуваат за украдени и бараат нивно враќање.

Ако си крадец одиш во затвор, ако си империја градиш музеј!

Кон крајот на 17-от век Британската империја почнала да се шири и на почетокот на 20-от век била најголемата империја во историјата која контролирала 1/4 од светската територија и популација.

Во тој период Велика Британија земала ресурси и богатства од тие земји, како и културни и историски артефакти. Голем број од нив завршиле во Британскиот музеј уште од 1753 година.

Сепак, не сите дела се украдени и голем дел од нив се купени. Проблемот е уште покомплексен кога се работи за дела кои се од историско, културно и генерациско значење.

Таков е случајот со бронзените дела од Бенин, кои на визуелен начин раскажуваат историја и обичаи на еден народ кој немал писмо. Илјадници од овие артефакти биле украдени во 1897 година, како дел од голема „одмаздничка мисија“ на Британците за убиството на седум мисионери. Артефактите требало да ги исплатат трошоците за мисијата.

Дознајте повеќе за тоа како колонијализмот помалку се грижи за убавината, значењето и потеклото на историските, културните и уметничките артефакти од целиот свет, а повеќе за инвестицијата и нивната економска вредност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *