Вкусовите на светот!

Сајтот TasteAtlas нуди интерактивна мапа на вкусови, производи, локални јадења и повеќе од сите делови на светот.

Во мапата е вклучена и нашата драга земја на сонцето, Македонија. Од јадењата кои се претставени на мапата во Македонија се истакнуваат ајварот, кратовската и светиниколската пастермајлија, интересните лапа, ширден или чомлек, крушевскиот локум, охридската пастрмка, слаткото од диви смокви и слично.

Ајварот е лоциран во околината на Скопје и за него пишува дека е вообичаено јадење на Балканот, но „најценетиот тип на ајвар е македонскиот, направен само со црвени пиперки. Иако потеклото е често спорно, се вели дека името ајвар потекнува од турскиот збор „хајвар“, што значи кавијар.“

Од овој сајт и ние прв пат дознавме за лапа, јадење од ориз и афион од источна Македонија, како и за ширден, јадење кое се подготвува од желудникот на преживарите со ориз) Уште едно специфично јадење е чомлек, јадење од телешко месо.

Беровскиот или Мавровскиот крај секако пропуштил да се впише во мапава со нивните сирења, но уште не е доцна! Истражете ја мапава и запознајте се со вкусовите на светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *