Во кусото видео подолу се наведени основните факти за планетата Меркур кој секој (кој има завршено трето одделние) би требало да ги знае!
Дознајте повеќе факти и фикции поврзани со планетата Меркур во едукативното прозно дело на Бранко Прља „Досие: Планета Икс“.
Значи, оваа планета, позната од антички времиња, е именувана според гласникот на римските богови Меркур.
Таа е најмалата планета во Сончевиот систем, со дијаметар од речиси 5.000 км (4879 ако сакате поточно), а тоа е еднакво на големината на континенталниот дел на САД!
Меркур е карпеста планета со железно јадро кое сочинува 85% од неговиот радиус.
Оддалечена е од Сонцето „само“ 57.9 милиони километри. Поради таа близина силните сончеви ветрови ја „бркаат“ атмосферата и Меркур има само ретка и далечна егзосфера од кислород, натриум, водород, хелиум и калиум.
Поради тоа (недостаток на ефект на стаклена градина кој го одржува животот на нашата планета, но и предизвикува глобално затоплување) температурата на површината може да се искачи до 427 °C во текот на денот, и да падне на -173 °C ноќе.
Близината на Меркур до Сонцето е исто така причината за старата репутација дека е брз и минлив (откаде потекнува и името). Со просечна брзина од над 47.4 км/с на час, Меркур орбитира околу Сонцето за само 88 дена.
Досега го посетиле само две вселенски летала, Mariner 10 (1974/1975) на НАСА и MESSENGER (2011/2015). Вселенското летало BepiColombo (мисија на ESA и JAXA) треба да пристигне до Меркур во 2025 година кога се очекуваат нови сознанија за оваа планета.