Често ги миете рацете? Не грижете се, тоа не значи дека имате OCD (Опсесивно-компулсивно нарушување)!

Опсесивно-компулсивното нарушување најчесто се поврзува со пречестото миење раце, но се чини дека во време на пандемија тоа стана норма! Што е всушност OCD?

(Ќе се обидеме да одговориме на тоа прашање, но прво, во стилот на темата на текстов, „приморани“ сме да објасниме дека го користиме терминот OCD (англиската кратенка) заради младите читатели кои се запознаени со овој поим исклучиво од американските медиуми.)

OCD handwash.jpg
Дури и на Википедија е дадена слика на миење раце, како пример за ОЦД!

Опсесиите се наметливи мисли, слики или импулси. Конвулзијата е вториот дел од „равенката“ – однесување со цел да се олесни анксиозноста предизвикана од опсесиите.

Опсесивното миење раце или постојано проверување нешта се примери на вакви тенденции, иако не значи нужно дека се работи за ОЦД.

Доброто е дека ако постојано ги миете рацете или постојано проверувате нешта (дали вратата е заклучена) не значи дека „боледувате“ од ОЦД. Веројатно сте малку поуредни, поопседнати со чистота, подреденост на нештата или имате повисоко чувство за естетика од другите луѓе.

Вистинските психијатриски случаеви имаат малку или воопшто немаат контрола врз нивното нарушување. Сето тоа може да одзема многу време и да стане проблем на работа, училиште или во социјалниот живот.

The Number 23 - Movies - Review - The New York Times
Џим Кери во филмот „Бројката 23“ е опседнат со истоимената бројка и ја гледа насекаде околу себеси

Иако најчеста слика за ОЦД е пречесто миење раце, тоа не е точно. Опсесиите може да се јават во многу форми како опсесивна грижа/страв за сопственото здравје, грижа да не се наштети на другите, преокупирање со бројки, шеми, сексуалниот идентитет или моралноста.

Конвулзиите може да варираат од опсесивно чистење, проверување (пр: дали е заклучена вратата), средување нешта или одење по одреден пат (пр: не стапнување на пукнатини во асфалтот). Ќе забележите и дека границата помеѓу психолошките нарушувања не е „пресечена со нож“ и дека постојат сличности на ОЦД со хипохондрија или „анален“ тип на личност (според Фројд).

Што е причината за ОЦД?

Една теорија вели дека се работи за невробиолошко пореметување, т.е. мозокот е „поврзан“ на таков начин кој предизвикува склоност кон вакво однесување. Друго објаснување се потпира на ниско ниво на серотонин, хормон кој го контролира расположението, агресијата, контролата на импулсите, сонот, апетитот, телесната температура и болката. Но, сеуште не е јасно дали ова хемиско нарушување во организмот е причина или последица на ОЦД.

Погледнете повеќе во видеото подолу, со едно предупредување! Ако ги имате погоре споменатите симптоми, не значи дека имате ОЦД и добрата вест НЕ Е дека постојат апчиња за лекување на вашите симптоми (како што препорачува видеото)!

Постојат многу начини да се справи со таа појава, а еден од нив е пренасочување на опсесиите кон корисни и продуктивни нешта – кој вели дека не е потребна доза ОЦД да се исплете џемпер или да се извезе еден гоблен!? Прашајте ги вашите баби.

Всушност, многу е веројатно дека сите продуктивни и креативни луѓе кои направиле повеќе отколку просечниот човек имаат одредена доза ОЦД! Прочитајте за Илон Маск.

Бихејвиоријалната терапија е секако добар совет, а на електрошоковите и хируршките интервенции за лечење психолошки проблеми местото им е само во минатото или во филмот „Лет над кукавичјото гнездо“!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *