100 најпознати слики во историјата на уметноста!

Ако препознаете голем дел од сликиве браво за вас, вашето општо образование не ве оставило на цедило. Ако не, тогаш е време да дознаете повеќе за сликите и нивните автори.

Авторот на видеото решил дека 100 слики сепак не се доволни, па додал уште 37, со забелешка дека поради правилата на YouTube не се дозволени слики на голотија или насилство и тие ги вклучил на посебен линк, каде што е и листата на сите слики.

Како што дознаваме од листава, некои сликари се големи, но други се уште поголеми! Импресионистите како Едвард Мане или Клод Моне се вклучени по три пати, додека ренесансните мајстори како Леонардо да Винчи или Тицијан се вклучени по четири пати.

Sublime' study of Van Gogh's Starry Night in VR helps experiential medicine  - Innovation Origins
Ван Гог, Ѕвездена ноќ, 1889

Ван Гог се појавува дури 10 пати! Тоа зборува за неговата моќ и влијание врз уметничката, но и популарната сфера. Се разбира во листата се вклучени и американските уметници како Хопер, Полок и Вистлер (ви текнува на Мистер Бин!?), додека концептуалистот Дишан кој имал огромно влијание на модерната уметност е застапен само еднаш (за волја на вистината неговите редимејд предмети не се слики).

Мајсторот Рембрант е застапен 3 пати, иако неговите слики не оставиле толку печат врз колективната свест, како на пример делата на Енди Ворхол (застапен еднаш), кој од уметнички аспект можеби (!?) не заслужува да биде во листава, но од популарен секако да.

Се разбира листава, како ниту една друга листа, не е совршена, ниту е сосема објективна. Се работи за личен вкус на авторот и во една друга листа би требало да има повеќе модерна уметност, можеби и по некој Банкси, Кит Херинг, Баскијат, Лихтенштајн, Хокни…

Keith Haring, Untitled, 1982 contemporary artworks

Кит Херинг, Без наслов, 1982

Banksy, Girl with Balloon, 2002 contemporary artworks

Банкси, Девојче со балон, 2002

Тоа поттикнува едно интересно прашање – што е уметноста воопшто, што прави едно дело уметнички вредно или популарно? Зошто некои дела оставиле печат врз колективниот ум, додека други исто толку добри и квалитетни дела историјата ги заборавила? Во игра се многу фактори.

Според некои автори се работи за мистеријата, приказната зад сликата, она што не поттикнува секогаш да се прашуваме, како во делото Мона Лиза. Но, со ова дело е поврзана и една друга интересна историја.

Пред да се случи потрагата по украденото дело, и Мона Лиза да стане дел од популарната култура, таа била само една слика на еден од многуте ренесансни мајстори во музејот Лувр. Според други автори, се работи за чиста среќа!

Затоа сметаме дека листите како оваа се значајни, ако дознаете за некое дело кое не сте го знаеле претходно, тоа ќе биде само плус за вас, ќе ја збогати вашата личност и светоглед, а од тоа нема ништо лошо – нели!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *