Д-р Џејмс Одонахју (Dr James O’Donoghue) е англиски планетарен научник (истражувач) кој работи за Јапонската вселенска агенција (JAXA). Претходно работел во НАСА, а денес прави кул и едноставни анимации кои на сликовит начин прикажуваат различни својства на планетите од Сончевиот систем.
Во следнава анимација се гледа за колку време би паднала топка од височина од 1 км на различни планети, ако се занемари отпорот на воздухот.
Според О’Донахју топката би паднала поспоро на планетата Уран отколку на Земјата, затоа што просечната густина на Уран е помала од таа на Земјата. Исто така Марс има двојно поголема маса од Меркур, но гравитацијата на површината е слична, зашто Меркур е многу погуст.
Џуџестата планета Церес има најслаба гравитација и топката би паднала за 84.3 секунди за разлика од 2.7 секунди во случајот на Сонцето.

Податоците од кои е направена визуализацијата се од планетарните факти на НАСА кои се исто така многу корисни ако сакате да правите споредби помеѓу планетите.
О’Донахју во неговите објави на Твитер го споменува и познатиот експеримент на Месечината кој бил изведен за време на мисијата Аполо 15. Командантот Дејвид Скот испуштил чекан и пердув на површината на Месечината и откако тие паднале истовремено (заради недостиг на отпор на воздухот) тој извикал:
„Види го тоа – Галилео бил во право!“