Колку ѕвезди надвор од нашата галаксија можеме да видиме со голо око?

Одговорот е – ниедна! Со други зборови, сите ѕвезди кои ги гледаме со голо око на небесниот свод припаѓаат на нашата галаксија. Вкупно можеме да видиме околу 6.000 ѕвезди на двете хемисфери, што значи во зависност од тоа на која хемисфера живеете можете да видите само половина од тие ѕвезди.

Scientists finally calculated the mass of our milky way - Tech Explorist

Исклучок е секако градот Скопје каде ако видите ѕвезди колку што имате прсти на рацете ќе бидете среќни. Загадувањето, светлосно и атмосферско, си го прави своето. Но, секој голем град го има истиот проблем, а светлинското загадување е една од најголемите пречки за астрономските набљудувања и затоа опсерваториите се на планини (а не за да бидат поблиску до ѕвездите).

Споредба на небесниот свод без и со светлинско загадување

Сепак, не бевме сосема искрени со вас. На небото со голо око можете да видите многу повеќе ѕвезди ако ги сметате другите галаксии (со нивните ѕвезди) кои се исто така видливи, но сепак секоја како една точка. Тоа се галаксиите Андромеда, големиот и мал Магеланов облак, маглините Орион, Карина, ѕвездените јата Месиер 7, M13 и некои други. Овие, исто така, се бројат на прстите на рацете.

Од друга страна, од планетите се гледаат пет: Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, кои биле познати на античките цивилизации, како и во многу посебни услови Уран и астероидот Веста. Се разбира, со голо око се видливи и Меѓународната вселенска станица, како и 100-тина други вештачки сателити, сепак треба да знаете каде да ги барате.

Ако ве интересира повеќе за набљудувањето на небото со голо око, погледнете го ова видео:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *