44 збора кои немаат никаква врска со Били Ајлиш и нејзината музика, туку со еден семафор

Веќе заборавената, но се чини пред илјада лета млада и надежна Billie Eilish, која ја доживеа својата слава во предпандемиското лето, кога сите живеевме во некоја невиност дека светот е она што го гледаме на нашите екрани е добра илустрација за илузијата на трендовите.

Некогаш популарната музика сака да се истакне како револуционерна и мразокршачка, небаре е Титаник кој пробива низ новите територии кон „храбриот нов свет“ на креативното изразување, без да потоне бедно како вистинскиот прекуокеански брод опеан во лимонадата од песна „Мај харт вил го он!“

Се чусвствувавме изиграно како прозаист кој решил да стане поет само заради Чарлс Буковски и неговата изрека: „Толку многу поети, толку малку поезија.“ Се разбира, ова не е поезија, ова е „рант“ за кој сакам да постои збор во македонскиот јазик, но не постои.

Нашиот јазик се спротиставува на промените за да не си го изгуби идентитетот, и заради тоа не можеме да го обвиниме, но можеме ли да ја обвиниме Billie Eilish за плагијаторство на оригинална песна од бендот „Звук на семафор на пешачки премин во Сиднеј?“

Ако воопшто има читатели кои можат да го следат лакот на приказнава, тие ќе знаат дека ова не е кликбејт текст, но за жал тој не се обидува да ве замисли, ниту да биде интертекстуален, туку му служи само на авторот како интелектуална вежба.

Ако не забележавте до сега, секој пасус од овој текст има по 44 збора, но тоа не е ништо оригинално или ново, како што не е ни семплот  во песната „Bad Guy“ на Billie Eilish кој е претставен како авторска снимка и револуционерно преиначување.

Истиот звук всушност се јавува во песната Red Alert na Basement Jaxx од 1999 година, а и претходно во песната Lethal Cut на Propellerheads од 1996 година! Но, како во секоја добра крими приказна вистината се крие зад видливото или во случајов зад „слушното“.

Вистината е дека семплот потекнува од песната Walk Now… на еден од најоригиналните и најинвентивни британски електронски состави (а тоа авторитативно звучи!) Orbital од „далечната“ 1993 година, цели дваесет и шест години пред pesnata Bad Guy и речиси 10 години пред раѓањето на Billie!

Во технологијата постои еден термин кој повторно нема превод, „reverse engineering“, и ако го примениме на нашето истражување, во духот на крими-приказна, можеме да го откриеме убиецот – кој решава да украде семпл од познатиот алтернативен бенд Orbital и да го искористи во својата песна.

Но, тоа што тој не го предвидува е дека песната ќе стане мега-хит и во паника мора да се заштити – ја праќа ѕвездата со телефон во Сиднеј да го сними истиот звук на телефон и во документарецот го преставуваат како сопствено оригинално откритие.

44 секунди подоцна во 2019 година, таа се појавува со снимка која на YouTube постои веќе од 2013 година, а оригинално ја снимил членот на Орбитал Paul Hartnoll на нивната турнеја во Австралија и свирката на илегален рејв Welcome 92 за новата година 1991/92.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *