5-те најчести градинарски грешки на жешкото време

Секој кој се занимавал со одгледување растенија (или завршил основно училиште) знае – водата и топлината се двата основни елементи кои им требаат на растенијата. Но, кога е премногу жешко овие два суштински елементи можат да бидат непријатели на растенијата. Како?

Во видеото подолу т.н. MIgardener дава многу корисни и убаво објаснети совети за тоа што да правите и што да не правите кога времето е „леле вруќина!“

1) Вадење

Звучи контраинтуитивно, но на растенијата не им треба толку многу вода! Проверете ги листовите и ако се цврсти и не се виснати, не им треба вода. Ако морате да навадите, сторете го тоа во 5 часот, пред изгрејсонце. Веројатно знаете, но најлошо е да се вади кога е жешко. Почвата е прегреана и водата која ќе дојде во допир со неа станува жешка – тоа е најлесен начин да го сварите растението без тенџере!

2) Садење семиња

На семињата им треба топла почва за да из’ртат, но жешката почва само ќе ги испече. Наместо тоа, ако веќе сте се „запнале“ да садите на лето, користете го методот на правење расад во помали контејнери и контролирана влажност/топлина, кои потоа ќе ги пресадите.

3) Ѓубрење

На сите растенија им треба ѓубриво – но не на лето. Кога е прежешко растенијата мируваат, слично како зимно време, со што се заштитуваат од екстремното време. Ако ги наѓубрите ќе ги разбудите – а тоа што ги чека е кошмар!

4) Контрола на штетници

Кога е жешко единствен сигурен начин на заштита од штетници е со рака, т.е. механички. Секаков друг начин, органски или не, кој подразбира вода само ќе ги оштети растенијата. Ако веќе морате да го сторите тоа, правете го кога не е жешко.

5) Неберење зрели овошки

Зрелите овошки остануваат свежи подолго ако се на растението, така добиваат вода и хранливи материи. Но, летно време, кога растението е под стрес, одржувањето на зрелиот плод бара многу енергија од растението. Еднаш дневно е доволно да се оберат зрелите плодови – растението ќе ви биде благодарно!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *