Која е првата хип-хоп песна?

Првата хип-хоп песна е Rapper’s Delight на Sugarhill Gang од далечната 1979 година. Барем така е општо признаено.

Сепак, само неколку месеци претходно излегла помалку познатата King Tim III (Personality Jock) од Fatback Band.

Така е според книгата „To the Break of Dawn: A Freestyle on the Hip Hop Aesthetic“ од William Jelani Cobb, но и според други извори.

Ако тоа не е доволно, песната Rapper’s Delight била дополнително дел од контроверзи затоа што ако ја преслушате песната Good Times на Chic, ќе сфатите дека првата песна во историјата на хип-хоп музиката е само рапување врз песна на друг бенд.

Дополнително, според сајтот WhoSampled оваа песна е семплувана во 209 други песни!

Сепак, Rapper’s Delight се смета за прва комерцијално успешна хип-хоп песна, а без широката популарност ниту еден креативен начин на изразување, колку и да е оригинален, не може да предизвика движење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *