Како кантри пејачот Џони Кеш стана дел од алтернативната култура со помош на Nine Inch Nails

Независно од тоа дали Џони Кеш го сметате за легенда на американската кантри, фолк, рокенрол или госпел музиката, веројатно не сте знаеле за него пред 2002 година.

Во таа година тој направи обработка на песната Hurt на Американскиот индустриски рок бенд Nine Inch Nails, со кој – ако сте растеле со MTV (не МТВ) – за прв пат сте се запознале од спотот на песната Head Like A Hole, пред три децении.

NIN се бучни, експериментални, искрени, не трпат сра*а и музиката ја користат како извик за се она што не чини на светот, но и како личен крик и исповед на внатрешните превирања.

Песната Hurt е токму таква, но во верзијата на NIN се работи за млад човек кој не може да се извлече од зачараниот круг на самоповредување, додека во верзијата на Џони Кеш се работи за судбината на постар човек кој знае дека неговиот животен век е при крај.

Џони Кеш навистина почина само една година по изведбата на оваа песна и остана вечно запаметен и почитуван од генерации алтернативни деца заради неочекуваниот спој на дијаметрално спротивни музички светови и култури.

Преслушајте ги двете верзии:

Стиховите од песната се особено силни:

What have I become?
My sweetest friend
Everyone I know goes away
In the end

And you could have it all
My empire of dirt
I will let you down
I will make you hurt

I wear this crown of thorns
Upon my liar’s chair
Full of broken thoughts
I cannot repair

Beneath the stains of time
The feelings disappear
You are someone else
I’m still right here

Интересно е дека самиот Трент Резнор, мозокот на NIN, во едно интервју изјави дека не и посветил внимание на обработката, додека не го видел спотот, кој е уште едно ремек-дело и станува омаж на богатиот, бурен и креативен живот на Џони Кеш. Тој заклучи:

Кога го видов спотот, разбрав дека песната не е веќе моја.

И, за крај, една „мала дигресија“ – бидејќи почна петтата сезона на Rick and Morty, не заборавајте да се присетите на една постара епизода во која се слуша песната Hurt, додека епонимскиот лик Рик Санчез кој завршува во затвор, на прашањето за што е затворен, помирен со болката одговара: „За се!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *