Што мисли Квентин Тарантино за Брус Ли, Бил Мари и 1990-тите!?

Во 1990-тите години се направени многу филмови кои влијаеja на една цела бунтовна генерација млади луѓе. Американците беа излезени од лигавите флуоресцентни 1980-ти, а Југословените преживуваа рушења на системи, бурни, разделни настани кои длабоко ги сменија животите на тие кои успеале да преживеат.

1990s Film Alphabet: Stephen Wildish Pays Tribute to Another Decade. (Film)

Секој кој излегол од кино, па дури и во град како Скопје (да, тогаш се одеше на кино, и да тогаш Скопје беше „алтернативно“) после филмовите како Pulp Fiction, Fight Club, The Matrix, Reservoir Dogs, Natural Born Killers, Wild at Heart, The Big Lebowski, Magnolia, American Beauty, Trainspotting, Clerks, Kids, Barton Fink или Fear and Loathing in Las Vegas се почувствувал сменет на еден длабок и суштински начин. Што е заедничко помеѓу овие филмови? Сите се излезени во 1990-тите.

Се разбира Америка не е светот и би можеле да ги споменеме и другите неамерикански класици од таа деценија, како Three Colors: Blue, The Piano, Chungking Express или Close-Up, но кога зборуваме за глобалното влијание на филмовите, пред се мислиме на американските филмови.

А кој е подобар претставник на влијанието на филмот врз умот на младите во 1990-тие години, ако не Квентин Тарантино!

Во неговото ново гостување на подкастот на Џо Роган, тој настапува доминантно, со авторитет на филмска енциклопедија, воопшто незасрамен од мачо светот на боречките вештини на Џо, зборувајќи за неговиот не толку пофален опис на легендата на боречките вештини – Брус Ли, Тарантино коментира (парафразирам):

Разбирам ако ќерка му (на Брус Ли) има проблем со описот на нејзиниот татко. Но, ако некој друг има проблем – нека си е*е м*тер!“

Тарантино тука зборува за неговиот филм „Once Upon a Time… in Hollywood“, а потоа и за влијанието на Pulp Fiction на филмската уметност во 1990-тите и на генерациите растени во тоа време, како и за 1950-тите и 1980-тите како најлоши години за филмот од минатиот век, со нивната претенциозна моралност и политичка исправност, што е секако и валидна поента за филмот и културата денес.

Според Тарантино, во 1980-тите филмовите имале анти-херои, бунтовници, циници, но секогаш во последните 20 минути од филмот, истиот тој лик сфаќа дека треба да се подобри и станува морален, токму како ликовите на Бил Мари во неговите филмови. Од друга страна, во Европа и Азија во тоа време се правеа храбри филмови и режисерите како Педро Алмодовар, Џон Ву или Вонг Кар Ваи не се плашеа од моралните предрасуди.

Се разбира, нашиот „муабет“ е за Америка, како доминатна креативна и технолошка сила во светот која има глобално влијание врз другите култури. Се додека кинезите прават филмови во кои делуваат како Blade Runner репликанти кои се обидуваат да ги глумат човечките емоции, западните стандарди и култура која не е нивна, „америте“ можат мирно да спијат.

Гостувањето на Тарантино е по повод издавањето на неговата нова „палп“ книга која е своевидно продолжение на филмот „Once Upon a Time… in Hollywood“. Интересно, иако е долгогодишен сценарист и еден од најдобрите раскажувачи на приказни во филмската индустрија, ова е прво литературно дело на Тарантино.

Quentin Tarantino Turns His Most Recent Movie Into a Pulpy Page-Turner -  The New York Times

Линк до целиот подкаст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *