Машините ги заменуваат луѓето на работните места во развиените земји

Пандемијата го смени светот на неколку суштински начини. Не се работи само за носењето маски, дистанцирањето помеѓу луѓето, работењето од дома, туку и за автоматизација на работните места, помеѓу другото. Се разбира ние доцниме зад се во светот, па не мораме да се грижиме за таквите појави, но во САД пандемијата го забрза процесот на замена на луѓето со машини, кога станува збор за работни места кои се „механички“.

Според магазинот WIRED, ланците за брза храна веќе најдоа начин како да примаат нарачки во т.н. „drive-thru“ со помош на автоматизиран гласовен систем. Управителите на овие компании како причина за воведување на вакви системи ја наведуваат пандемијата и недостатокот од работна сила, но признаваат дека главната причина е што „софтверот никогаш не се разболува и не отсуствува од работа.“

Ова не е нова појава и ланците на брза храна како МекДоналдс веќе од февруари годинава имаат целосно автоматизирани „drive-thru“ локации.

That muffled voice on the other side of the McDonald's drive-thru could be  replaced by a robot - Chicago Tribune

Многу други компании кои имаат производство со елементи на автоматизирање, особено таму каде што веќе во голема мерка била присутна, како разни фабрики, за време на пандемијата уште повеќе го зголемиле степенот на присутност на машини, софтвер или вештачка интелигенција. Ова е процес кој секако ќе се случеше, но пандемијата само го забрза, а компаниите инвестираа големи средства со цел да го задржат производството во услови на намалување на работна сила.

Но, не станува збор само за работни места кои природно би ги поврзале со автоматизација, туку и многу пософистицирани процеси, како правењето чипови. Процесот може да трае со месеци и да ангажира многу дизајн инженери додека вештачката интелигенција може да го направи за неколку часа.

Во пандемијата се развија виртуелни кујни, апликации за нарачка во ресторани, пософистицирани сајтови за пребарување и нарачка на се што ви треба од различни услужни компании, и сето тоа нема да сопре. Се чини дека луѓето се уште нема да бидат заменети на многу места, но секако се на пат да бидат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *