Херман Хесе, психонаут пред психоделиците, хипик над хипстерите!

Херман Хесе не само што е омилен автор помеѓу адолесцентите кои допрва го откриваат животниот пат пред себеси, туку бил и значајна фигура во психоделичкото движење како прекурсор на хипи движењето во САД и светот.

How Hermann Hesse became a hero of the Sixties counterculture

Но, она што е интересно е дека Хесе никогаш не пробал психоделични супстанци, ниту имал контакт со нив!

Се разбира ова може да биде предмет на дебата, бидејќи психоделиците во нивна природна форма се присутни од дамнина и се толку поврзани со човечката еволуција што некои автори како Теренс Мекена (во неговата теорија наречена „надуван мајмун“ – Stoned ape) ја припишуваат и еволуцијата на човечкиот вид на првата средба на човеколиките мајмуни со психоделичните растенија.

Други автори одат до таму што го припишуваат и настанувањето на религиите на искуствата со магичните печурки. Навистина, искуствата на луѓето со овие супстанци се покажуваат како длабоки религиозни искуства.

Сепак, не постојат докази дека Хесе имал пристап до овие овие супстанци кои денес стануваат дел од една глобална култура (како што биле во времето на хипиците), а отсекогаш биле дел од културата на народите во Средна и Јужна Америка, Австралија итн. Од друга страна, синтетичките верзии на психоделиците се појавиле дури по втората светска војна, а во времето на Хесе популарни биле опијатите, кои немаат психоактивна, туку седативна функција.

Во романот „Степскиот волк“ главниот лик, по низа премрежја и интересни ликови кои ги среќава завршува во еден „магичен театар“ каде по консумирање на одредена супстанца доживува еден вистински „трип“ и пренесува сознанија како тоа дека секој од нас е способен за возвишени дела, но и за најстрашни зла, како и сознанијата за „животот како хумор под гилотина“, како форма на највисока егзистенцијална филозофија.

Искуството со ДМТ за кое зборува Рик Доблин (Rick Doblin), основачот на MAPS (Multidisciplinary Association for Psychedelic), како да е извадено од книгата „Степскиот волк“ на Хесе.

Најголемитот пропонент на психоделичните дроги и на хипи контра-културата во шеесеттите години во САД, Тимоти Лири кој со неговата фраза “Turn on, tune in, drop out” честопати го промовирал Хесе со фразите како:

„Пред вашата ЛСД сесија, прочитајте ги Сидарта и Степскиот волк.“

Авторите како Ендрју Галимор признаваат дека искуството на Хесе и врската со психоделиците се преку источните филозофии и практики како трансцендентална медитација која пружа длабок увид во човечката психологија и го трга „превезот“ кое егото ни го става пред светот. Според истражувачите и практикантите на употребата на ДМТ и други психоделични супстанци, и тие го пружаат истото, но во многу побрза и поконцизна форма, без години пракса, вежби за дишење, концентрација, медитација и слично. Од друга страна, поради неможноста психологијата на индивидуата да се прилагоди на експлозивноста и моќта на овие искуства, тие честопати можат да бидат опасни, да предизвикаат психотични моменти, или психички пореметувања.


Наследството на Херман Хесе е големо, неговиот увид во вистинската реалност и филозофијата на животот е огромно и препорачливо за секој млад ум кој бара предизвици, а не би требало да го бара во недозволените супстанци, особено заради негативниот ефект кој тие го имаат на мозокот кој е се уште во развој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *