Времеплов низ исхраната на луѓето во изминатите 2 милиони години!

Нашата исхрана драматично се променила за време на еволуцијата и како последица на тоа се менувале и нашите тела. Одредувањето на точна временска рамка на овие промени е предизвик. Човекот почнал да ја готви храната пред 300.000 или 1,8 милиони години, во зависност од тоа како експертите ги толкуваат археолошките и генетските докази. И покрај ова, научниците имаат изградено слика за тоа како нашата историја на исхраната влијаела на нас.

Food on Instagram is more and more genuine and creative - QT Magazine Doom
Модерна нездрава храна

Пресвртници во исхраната

Нашата анатомија и физиологија еволуирале бидејќи нашата исхрана се сменила во текот на многуте илјадници години. Некои од овие клучни настани, како што се јадењето месо или готвењето на храната, се случиле толку одамна што нашите тела соодветно се развиле. Останува да видиме дали сме прилагодени на поновите промени. Она што стана јасно е дека некои аспекти на модерната исхрана, со изобилството на храна која содржи многу (непотребна) енергија, можат да бидат многу штетни за нашето здравје. Ако погледнеме далеку наназад во времето, тоа може да ни помогне да се храниме поздраво денес.

Ви го претставуваме времепловот низ нашата исхраната во изминативе 2 милиони години кој можете да го преземете и во повисока резолуција!

Пред 2 милиони години

Кога нашите предци почнале да јадат месо пред повеќе од 2 милиони години, дополнителните калории и намалената енергијата потребна за неговото варење, можеби овозможиле нивните мозоци да станат поголеми и погладни за енергија, бидејќи цревата станувале помали. Сепак, повеќето древни луѓе ретко јаделе месо, бидејќи секојдневно сепак се потпирале многу на растенијата и на дивите зрна.

Пред 800.000 години

Постојат археобиолошки докази дека луѓето научиле да го контролираат огнот.

Пред 200.000 години

Нашите предци почнале да ја готват храната пред Хомо Сапиенс да еволуира пред 200.000 години. Со готвењето храната полесно се варела, што значи дека можеле да извлечат повеќе калории од неа и не морало да се троши толку многу време и енергија џвакајќи ја и варејќи ја. Готвењето на храната им овозможи на мускулите на вилицата и на цревата да станат помали, а нивниот мозок понатаму да се шири.

Пред 70.000 години

Пронајдени се голем број на докази за огништа за готвење на храната.

Пред 15.000 години

Човекот почнал да прави и да јаде леб од жита, но се уште не почнал да го користи квасецот.

Пред 12.000 — 8.000 години

Одгледувањето жито им овозможи на луѓето да се населат во постојани живеалишта. Ова го олеснило зголемувањето на бројката на деца во семејствата и брзо почнале да се натпреваруваат со ловците-собирачи во повеќето области. Сепак, нивниот ограничен начин на исхрана и поголемата популација значела дека имале полошо здравје од ловците-собирачи. Луѓето почнале да ги припитомуваат козите, овците, говедата и да одгледуваат житарки како што е оризот

Пред 8.000-6.000 години

Почнале да ја одгледуваат шеќерната трска и компирот, како и пилиња и да прават алкохолни пијалоци во Кина.

Breathing New Life Into Native American Crops | Antiques & History |  lancasterfarming.com

Пред 4.000 години

Во Мексико се одгледувала пченка, а во Египет почнале да прават леб со квасец.

Пред 1.800 години

Во Централна Америка се прави чоколадо од какао.

Во 997 година

Направена е првата пица, иако постојат теории дека таа потекнува од Кина

1492 г.

Кога Европејците првпат се сретнале со домородните народи на Америка во 15 и 16 век, започнала голема размена на добра, но и на храна со која двата „народи“ немале контакт претходно. Компирите и пченката брзо станале основни производи во Стариот свет, а шеќерната трска ја освоила Америка.

1585 г.

Чоколадото е донесено во Европа.

1911 г.

Замрзнувачите почнуваат да се користат во домовите во САД. Луѓето тргувале со храна од дамнина, но до неодамна, само производите со долг век на траење можеле да се транспортираат на поголеми растојанија. Развојот на ладењето и замрзнувањето храна, заедно со побрза испорака, значело дека, ако можете да си ја дозволите, храната од целиот свет може да биде на вашата трпеза.

Refrigerator choice - The Appliances Reviews

БОНУС: ЗАБАВНИ ФАКТИ

ЗОШТО МНОГУ АЗИЈЦИ СЕ ОСЕТЛИВИ НА МЛЕКОТО?
Нетолеранцијата кон лактозата во млекото е позастапена кај луѓето од Азија, бидејќи домашните говеда биле воведени многу подоцна, за разлика од другите делови на светот.

БЛАГИ НЕШТА…
Нашите предци јаделе блага храна во многу ретки прилики. Медот и зрелите плодови биле одличен извор на енергија, но биле оскудни или сезонски. Денес, сме постојано опкружени со лесно достапна блага храна, која е привлечна и тоа придонесе за епидемијата на дебелина и нејзините сродни болести.


Информациите се преземени од книгата „How Food Works: The Facts Visually Explained (Dk)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *