Која храна содржи најмногу, а која најмалку пестициди?

Пестицидите се во секоја храна околу нас. Но дали секоја храна ги содржи подеднакво? Не сите растенија имаат подеднакво потреба за прскање. Некои самите создаваат природна одбрана од инсектите, па немаат воопшто потреба од хемикалии.

Indian Pesticides Market Research Report and Forecast 2021-2026 | Covid-19  Impact – The Manomet Current

Кај други растенија стеблото и плодот се многу блиску до почвата, што ги прави особено подложни на инсекти и болести, па имаат потреба од екстра прскање.

Кај плодовите кои имаат дебела кора пестицидите остануваат на кората. Плодовите со многу тенка кора-мембрана, што не може ниту да се оддели, ниту да се измие, соодветно содржат повеќе пестициди кои неминовно завршуваат во нашиот организам.

Која храна има повеќе, а која помалку пестициди? Тоа прашање си го постави организацијата Environmental Working Group. Резултатот е листа што ја објавуваат секоја година таканаречена Dirty Dozen List. Според лабораториски анализи за пестициди во храната, за 2021 листата е следната:

👎 најлоши:
1. Јаготки
2. Спанаќ
3. Блитва
4. Нектарини
5. Јаболка
6. Гројзе
7. Цреши
8. Праски
9. Круши
10. Пиперки
11. Целер
12. Домати
13. Компири

Освен ако не ги набавувате од проверен, органски извор, намалете со јаготките, додека можете слободно да уживате во кромидот 😀, карфиолот, брокулата, кивито, ананасот.

Apparently conventional strawberries only contain pesticides : facepalm

Како секоја студија поврзана со храна, така и оваа не помина без контровезии. Самата анализа се однесува на производи од САД и не може точно да го предвиди загадувањето на производите во Македонија, така што земете ја како генерална насока.

👍 најдобри:
1. Авокадо
2. Пченка
3. Ананас
4. Кромид
5. Модар патлиџан
6. Аспарагус
7. Брокула
8. Зелка
9. Киви
10. Карфиол
11. Печурки
12. Диња
13. Лубеница
14. Благ компир
15. Банани
16. Моркови
17. Портокали
ARCHAEOLOGY OF FRUITS & VEGETABLES - Avocado - Chef's Mandala

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *