Колку калории има во еден „посен“ бисквит и колку треба да вежбате за да го потрошите?

Ако на некој прехранбен производ пишува дека е „посен“, тоа не значи дека и вашето тело знае да чита етикети и дека од тоа нема да се здебелите. Напротив, јадејќи „посна“ храна имате повеќе шанса да се здебелите отколку од мрсна. Веќе зборувавме на таа тема во текстот „Науката, по децении заблуда, конечно признава – шеќерот е непријателот, а не мастите!

Но, колку калории има во „посната“ храна и колку треба да вежбате за да ја „истрошите“?

Да земеме за пример еден бисквит. На едно домашно (нема да откриваме од кој бренд) пакување бисквити пишува дека има 415 калории (kcal) во 100 грама бисквити, што е еднакво на 13 бисквити.

Тоа значи дека со јадење на само еден бисквит ќе внесете 32 калории кои, ако не сакате да се здебелите, треба некако да ги потрошите! Можете да ги потрошите со одење, трчање, возење велосипед итн. Но, колку време е потребно да вежбате?

Според информациите за различни активности и колку калории се трошат, заклучуваме:

32 калории (1 бисквит) = 5 минути трчање, 8 минути возење велосипед/пливање, 10 минути активно одење

Ако сте ептен по бисквитите и изедете, да речеме, 7 парчиња (224 калории), за да ги „потрошите“ потребно е 35 минути трчање, 40 минути велосипед или 70 минути активно чекорење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *