Граматички Банкси – човекот кој ноќе ги поправа правописните грешки на излозите

„Граматичкиот одмаздник“, како што се нарекува самиот, ноќе шета по улиците на Бристол (матичниот град на познатиот графити-уметник Банкси) и ги исправа правописните грешки на излозите од продавниците.

Тоа го прави со посебна алатка за пишување која ја направил самиот и која му дозволува да ги достигне и најнезгодните натписи. Неговата мисија ја започнал во 2003 година, а за него пишувале Гардијан и е дел од документарецот наречен The Apostrophiser на BBC Radio Four.

Ако мислите дека станува збор за скеч од филмот „Житието на Брајан“ на Монти Пајтон во која римските војници го фаќаат Евреинот наречен Брајан кој пишува „Римјани одете си дома“ на латински, се лажете. Скечот ги исмева часовите по латински кои на денешните деца не им се познати, а на поранешните генерации деца коњугациите и деклинациите на глаголите им задавале главоболка и страв, особено на англиските пре-образувани деца, како што се членовите на Монти Пајтон. Брајан, со помош на римскиот војник, ќе ја напише фразата точно, а потоа ќе му биде дадена задача да го напише истото 100 пати, по што несакајќи ќе стане херој на отпорот.

Луѓето како „граматичкиот одмаздник“ или Банкси се потребни во општеството, можеби не толку во „премногу образованото“ англиско, но секако во нашето, кое формално е исто така високо образовано, а реално сите знаеме дека состојбата е поинаква.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *