25 неверојатни факти кои мора да ги знаете ако сакате да ги импресионирате пријателите!

Dwight fact - Imgflip

1. Тропската габа Ophiocordyceps го инфицира нервниот систем на мравките и ги „управува“ до место погодно за размножување.

По девет дена во централниот нервен систем на мравката, таа веќе нема контрола на сопствените движења и габата ја презема контролата. Откако зомби-мравката ќе падне на место далеку од мравјалникот и со погодни услови за размножување на габата (на лист, 20-тина сантиметри над почвата, каде што е поладно и повлажно), таа почнува да расте и да се развива од телото на мравката.

2. Хартиените шамивчиња првично се користеле како филтери за гас маските

Kimberly-Clark, компанија за производи од хартија, за време на Првата светска војна произведувала хартиени филтри за гас маските наречени Cellucotton или cheesecloth UGG (кои се користеле во недостаток на памук). Подоцна тие биле адаптирани за потребите на женска хигиена и ребрендирани како Kotex, а по 1924 година се користеле за отстранување шминка под познатото име Kleenex.

3. Сините китови можат да изедат половина милион калории во еден залак

Синиот кит е најголемото животно кое некогаш живеело, но тоа се храни со едни од најситните суштества во океаните – планктоните. Во само еден залак плавиот кит голта 110 тони вода и до 500 килограми планктони, што е еднакво на 457.000 калории!

4. Малото предно џепче во Левис џинс панталоните било дизајнирано за џебен часовник

Џепчето датира дури од првиот пар фармерки на Левис, кои се појавиле на пазарот во 1879 година!

5. Сегашното американско знаме го дизајнирал средношколец

Robert Heft бил само 17-годишен средношколец кога учествувал во проект за редизајн на американското знаме. Предлогот на Роберт, кој ги вклучувал и државите Хаваи и Аљаска кои требале наскоро да се приклучат на САД, бил оценет со 4 мунус. Но, наставникот и ученикот се договориле ако предлогот помине на Конгрес дека ќе му стави петка. Тоа и се случило, кога предлогот бил избран помеѓу илјадниците други кои пристигнале. Наставникот си го одржал зборот.

6. Кога има потреба од нови алати на Вселенската станица, НАСА им испраќа мејл со упатства, а тие ја печатат алатката со 3Д печатар

Кога треба да се однесе нова алатка во вселената потребни се месеци планирање и големи финансиски трошоци. Но, сега алатките се праќаат до Вселенската станица по мејл како упатства за 3Д печатарот. Другото е лесно!

16 3D Printing Memes ideas | 3d printing, memes, 3d printer

8. Зборот „авокадо“ на јазикот на Инките кои први ги произведувале значи „тестиси“

Оригиналниот збор е „āhuacatl“ и со значење „авокадо“ се користи од 500 г. Пне. Кога Инките почнале да го одгледуваат. 

9. Европејците во 18-от век мислеле дека доматите се отровни

Шпанските освојувачи ги донеле доматите од новиот континент во Европа уште во 16-от век, но во 18-от век кога станале популарни кај аристократијата, набрзо почнале да ги нарекуваат „отровни јаболка“. Многу од благородниците мистериозно починале после оброк од домати. Подоцна се открило дека киселината во доматите ги разјадувала оловните чинии од кои јаделе и тоа предизвикувало труење со олово. Но, цели 200 години доматот внесувал страв во коските на Европејците.

10. Пронаоѓачот на микробрановата печка добил само 2 долари за неговото откритие

Додека работел како истражувач во Американската компанија за апарати (денес познат како Raytheon), Перси Спенсер забележал како чоколадото во неговиот џеб се стопило од машина која емитирала електромагнетни бранови. Ова ја поттикна неговата идеја да создаде метална кутија која ќе може да загрева храна. Неговата компанија го поднесе патентот, а тој добил само бонус од 2 долари за пронајдок – каква (не)среќа!

11. Мрзливците имаат повеќе пршлени во вратот отколку жирафите

Жирафите имаат ист број пршлени на вратот како човекот, глушецот или слонот – сите имаат точно седум! Мрзливците се исклучок, со 10 пршлени на вратот.

12. Бојата порано се чувала во мочниот меур од свињи

Мочни меури од свињи врзани со метална жица биле користени во 19-тиот век за чување бои. Кога сликарот сакал да се послужи со бојата правел мала дупка која потоа била тешка за затворање. Процесот бил неуреден и непрактичен. John Goffe Rand, инвентор и сликар, во 1841 година ги патентирал металните туби за боја кои се користат и денес.

13. Луѓето (поточно спортистите) може да скокнат подалеку од коњите.

Американецот Мајк Пауел го држи рекордот во скок во далечина од 8.95 метри, додека најдалечен забележан скок со коњ изнесува 6.10 метри.

I Have Been Cloned Funny Baby Meme Image

14. Тестовите за бременост потекнуваат од 1350 година п.н.е. од Египет

Еден од првите познати начини за откривање на бременоста доаѓа од антички египетски документ, од 1350 година п.н.е. Документот сугерира на жена да се измокри на семиња од пченица и јачмен. Ако семињата никнат, жената е бремена, ако не никнат, не е. Иако звучи ненаучно, истражувачите во 1960-тите години го тестирале овој метод и откриле дека е точен во 70% од случаевите. Научниците претпоставуваат дека зголеменото количество естроген е одговорно за ‘ртењето на семињата.

15. Русија е најголема земја во светот со 17 милиони квадратни километри!

Тоа значи дека Русија е речиси двојно поголема од втората земја по големина, Канада која опфаќа 9.9 милиони квадратни километри.

16. Крикетот е втор најпопуларен спорт во светот.

Американците мислат дека нивниот рагби кој го нарекуваат фудбал е најпопуларниот спорт на светот, но тој има „само“ 400 милиони фанови. Кога мислиме на крикетот забораваме дека не се игра само во Велика Британија, туку во сите нејзини поранешни колонии и земји од Комонвелтот, а тоа се 2,5 милијарди фанови. Се разбира тие се зад 3,5 милијарди фанови на фудбалот, но пред хокејот (2 милијарди) и тенисот (1 милијарда).

17. Кенгурите не можат да скокаат „назачки“, ниту да одат напред или назад.

Tие не можат да скокаат наназад поради нивната дебела, мускулеста опашка. Нивните долги стапала и тешката опашка исто така го прават одењето невозможно, напред или назад.

18. Џејмс Камерон го продал сценариото за филмот „Терминатор“ за 1 долар!

За да ја добие животната шанса и да го сними филмот „Терминатор“, Џејмс Камерон (Титаник, Аватар) прифатил да го продаде сценариото за 1 долар. За возврат добил ветување дека ќе може да го режира. 

19. Британската империја била најголемата империја во светската историја

Британската империја била најмоќна пред 100 години и владеела со над 23 проценти од светската популација, односно 35 милиони квадратни километри. Монголеската империја, како втора по големина, владееле со најголема континуирана површина од земјата.

Nyan Cat | One of my favourite PMG builds. :D This is Nyan C… | Flickr

20. Едни од првите снимки биле со… мачки!

Благодарение на пронајдокот на Кинетограф од страна на Едисон во 1892 година, тој бил во можност да сними и да гледа подвижни слики. Снимал кратки снимки во неговото студио во кои вистинските ѕвезди биле „Боксерските мачки“ од 1894 година.

21. Очите на Алберт Ајнштајн се во Њујорк, а неговиот мозок во Филаделфија!

Очните јаболчници на Ајнштајн се во сеф на неговиот очен лекар Хенри Абрамс во Њујорк. Тој ги добил од Томас Харви, човекот кој извршил обдукција на Ајнштајн и му го украл мозокот. Мозокот сега се наоѓа во музеј во Филаделфија.

22. Тениските топчиња за Вимблдон се чуваат на 20 степени Целзиусови

Температурата на тениските топчиња влијае на тоа како скокаат топчињата. На поголема топлина скокаат повеќе поради загревањето на молекулите во топчињата.  За да се осигураат дека ги користат најдобрите Вимблдон тестира повеќе од 50.000 топчиња.

23. Мартин Лутер Кинг добил тројка по јавно говорење

Мартин Лутер Кинг бил водач на Движењето за граѓански права и неговиот говор „Имам сон“ (“I Have a Dream”) честопати се споменува како еден од највлијателните говори на сите времиња. Сепак, додека се школувал неговите ораторски способности биле оценети со „доволен“.

24. Кислородот во најголем процент го произведуваат океаните, т.е. Планктони, алги и бактерии!

Научниците проценуваат дека 50-80% од производството на кислород на Земјата доаѓа од океанот. Поголемиот дел од ова производство е од океанските планктони, алги и некои бактерии кои можат да прават фотосинтеза. Еден посебен вид, Прохлорококус, е најмалиот фотосинтетски организам на Земјата. Оваа мала бактерија произведува до 20% кислород во целата наша биосфера. Тоа е поголем процент од сите тропски дождовни шуми на копно заедно!

25. Кога би отплеткале ДНК од само еден човек таа би стигнала до Плутон и назад – 17 пати!

Молекулите на ДНК се долги од 1,7 до 8,5 см кога не се намотани – во просек околу 5 см. Во човечкото тело има околу 37 трилиони клетки, па ако треба да ја отплеткате целата ДНК затрупана во секоја клетка и да ги поставите молекулите од крај до крај, вкупно тоа би изнесувало 2 × 10>14 метри – доволно за 17 кружни патувања до планетата Плутон и назад!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *