
#1 „Мултитаскинг“ е само мит!
Мозокот всушност се префрлува од една активност на друга, невозможно е да се занимава со две различни задачи истовремено.
#2 75% од мозокот е вода!
Токму затоа дехидрацијата, дури и само 2% може да го оштети мозокот.
#3 Во првата година од животот мозокот се зголемува за 3 пати.
Растењето на мозокот се случува до 25-тата година од животот – потоа се оди надолу!
#4 Човечкиот мозок содржи 100 милијарди неврони
Тоа е колку бројот на ѕвездите во нашата галаксија Млечниот пат. Невроните всушност сочинуваат само 10% од мозокот!
#5 Луѓето користат само 10% од мозокот – апсолутен и глупав мит!
Во текот на еден ден наизменично се активираат сите центри на мозокот.
#6 Холестеролот не е лош – напротив тој е неопходен за мозокот
Мозокот содржи повеќе холестерол отколку кој било друг орган. Всушност 25% од холестеролот е во мозокот!

#7 “Brain freeze” не е мит!
Всушност кога ви „замрзнува мозокот“ се стеснуваат крвните садови во грлото кои ја носат крвта во мозокот што предизвикува болка во пределот на челото. Тоа е сигнал за предупредување кој вели „престани да јадеш толку студен сладолед“!
#8 Мозокот е фабрика за мисли
Според едно истражување мозокот создава 12-60.000 мисли во текот на денот и повеќето се повторуваат, а 80% се негативни… ах!
#9 20% од кислородот и крвта се користи во мозокот
Овој процент може да се искачи дури до неверојатно 50% – ако мислите многу, многу напорно.
10 Визуелниот дел од мозокот е во неговиот заден дел
Токму затоа ако ве удрат во задниот дел од главата – ќе изброите ѕвезди!
Фактите се преземени од овој извор.