Една крава дава речиси 200.000 чаши млеко во нејзиниот живот и други необични статистики

van gogh meme | Van gogh, Van gogh paintings, Gogh

1. Винсент Ван Гог продал една слика додека бил жив (на сестра на пријател сликар)!

Сликата се викала „Црвеното лозје во Арл“ (Red Vineyard at Arles) и била продадена во 1890 година на импресионистичката сликарка Ана Бош (Anna Boch), сестра на сликарот Ежен Бош, кој бил пријател на Ван Гог и во 1988 Ван Гог му насликал портрет.

2. Во Библијата има 34 скакулци, 11 молци, 10 скорпии, девет гасеници и 4 пчели!

Во 1958 година, ентомологот В.Г. Брус објавил листа на инсекти (поточно членконоги) кои се споменуваат во Библијата. Најчесто споменуваните биле скакулците штеточини (24), молците (11), обичните скакулци (10), скорпиите (10), гасениците (9) и пчелите (4).

3. Чесите се најголеми пивопијачи во светот, а еден Чех испил 1 литар пиво за 4.11 секунди

Според последните податоци од 2015 година чесите пијат 142.4 литри пиво годишно во просек или по едно големо шише на секои 35 часа, се разбира ако ги одземеме децата и тие кои не пијат пиво, останува многу повеќе за тие кои пијат!

Alaska, Putin - Imgflip

4. САД ја купила Аљаска за 2 центи по хектар од Русија.

Вкупната сума која САД и платила на Русија во 1867 била 7.2 милиони долари. Ако ја пресметаме инфлацијата, во денешни пари тоа изнесува околу 130 милиони долари.

5. Има вкупно 50.000 кинески карактери, но во редовна употреба се 2-3.000.

Вкупниот број на кинески карактери кои постојат е околу 50.000, но образуван човек знае до 10.000, но за да прочитате весник ви требаат само 2-3.000 карактери.

6. Најбрзите нервни импулси патуваат со брзина од 288 км/час!

Оваа брзина се однесува на нерви кои пренесуваат импулси како вид, топлина итн. нервните импулси кои пренесуваат моторни реакции се поспори, а со текот на годините брзините општо се намалуваат.

Dad Sneeze Memes - StayHipp

7. Kaшламе со брзина од 100 км/час, но киваме со 300 км/час!

Кога кашлате воздухот од вашата уста се движи со брзина од речиси 100 км/час, при што се исфрлуваат околу 3.000 капки, додека при кивање исфрлуваме 40-100.000 капки со брзина од 300 км/час!

8. Исак Асимов е единствен автор кој има дела во сите области!

Според т.н. Dewey Decimal Classification Асимов има дела во сите категории освен таа под број 100 (филозофија и психологија), иако напишал неколку есеи од истите области, но делата не биле точно заведе

9. Една крава дава речиси 200.000 чаши млеко во нејзиниот живот.

Просечна млечна крава произведува 27 литри или 90 чаши млеко на ден, 5680 литри или 16 000 чаши млеко годишно и 71000 литри или 200 000 чаши млеко во текот на животот

Milk is good but it can be butter meme - AhSeeit

10. Олимпискиот златен медал содржи 92,5 проценти сребро.

Последните медали од злато биле доделени на Летните олимписки игри во Стокхолм во 1912 година. Денешните медали содржат само 6 грама злато.

И за крај:

Повикувачкиот број за Русија е 007!
Испитајте сами дали тоа е точно 🙂

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *