Вашиот омилен портал arno.mk кој ви пренесува вести и мислења од светот на науката, технологијата, уметноста, екологијата и други арни работи, освен на Reddit, Instagram и Facebook, од денес можете да го следите и на Telegram.

Апликацијата Телеграм ја стекна популарноста од грешни причини – се смета за несигурен! Но, вистината е дека сите апликации, WhatsApp и Facebook Messenger и други, имаат одреден степен на ризик. Всушност, многу тех-гикови тврдат дека Телеграм повеќе се грижи за приватноста на корисниците и дека е посигурен од споменатите корпоративни џинови за кои се знае дека ги продаваат приватните податоци на корисниците за профит.
Телеграм има многу поволности како голем лимит на фајлови кои можете да ги префрлите – до 2GB! Ова е невидено за ваква апликација, и за споредба WhatsApp ги лимитира корисниците на 16MB.
Прочитајте повеќе за предностите (се разбира и недостатоците) на Телеграм тука и следете не!