Не, на Марс нема печурки и од нив не може да направите супа!

Последниве денови од повеќе извори, па дури и тие кои се занимаваат со наука, се проследува тврдење од група „научници“ дека на Марс постојат печурки, т.е. габи.

Со внимателна анализа, се чини дека сепак се работи за фабрикувана вест од страна на Рон Габриел Џозеф (Rhawn Gabriel Joseph), автор кој и порано (2014, 2019) се јавувал со тврдења во врска со животот на Марс, кои биле демантирани од НАСА и други научници.

Најновата вест за габи на Марс е проследена дури и од реномирани извори како Popular Mechanics (списание за наука и технологија кое постои од 1902 година, но во последно време се почесто пренесува вести кои наликуваат на теории на заговор).

Дали се работи за нов светски поредок кој го донесе пандемијата во која медиумите се посклони кон пренесување на теории на заговор?

Таканаречените „научници“ со анализа на фотографии од Марс ја потврдуваат сличноста помеѓу формациите на Марс и габи од Земјата. Тврдењето е дури и објавено во научно списание Advances in Microbiology.

Но, со подлабока анализа дознаваме дека се работи за сомнително списание од Кина кое и во минатото објавувало текстови без претходна проверка на нивниот кредибилитет и квалитет.

mushroom like spheres

Повеќе информации во врска со целиот случај, и убедливи докази за тоа дека се работи за површна анализа и ненаучна аргументација, може да се најдат тука.

Се разбира, сите посакуваме науката да пронајде докази за живот на Марс, па дури и да го нема, да достигнеме стадиум на развој во кој би можеле да го култивираме таму.

Но, до тогаш е потребно да останеме скептични, да читаме од вистински (и повеќе) извори и најбитно – да се погрижиме да обезбедиме подобар живот за сите на нашата планета, пред да го бараме на другите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *