Не ви се потребни печатени учебници, се што ви треба се „мемиња“!

Како некој кој доста го проучувал проблемот со образованието кај нас, и од прва рака во контакт со ученици, како и со проучување на другите образовни системи, сметам дека електронските учебници не можат да ги заменат традиционалните. Да појаснам – не можат во едно општество како нашето!

Се разбира, живееме во време на глобализација и во еден свет во кој децата поминуваат повеќе време на интернет и пред екрани (какви и да се), отколку надвор или пред книга. Но, тоа не значи дека се подготвени за сериозна и студиозна анализа на одредени тематики без употреба на учебници.

По малку се чудни ставовите на МОН во однос на учебниците. Се обидуваат да го негираат нивното значење до толку што почнувам да се сомневам дека зад тоа се крие една сериозна и застрашувачка причина – кај нас не постојат кадри кои би можеле да изработат сериозни учебници!

Македонија доживеа сериозен егзодус на интелектуалците во изминатава деценија и за тоа може да зборува секој кој се занимава со култура, образование, уметност, наука и слични дејности. Од друга страна, на високи и решавачки позиции се носат кадри кои не се секогаш соодветни за тоа. Последиците се многубројни.

Меѓу другото, се очекува од учениците да истражуваат, сами да прават некакви „проектчиња“ со информации од Википедија и се тоа личи на играње училиште. Ако не им се потребни учебници, тогаш не им треба ни училиште, нели.

Updating the WW2 Dinosaur Meme to be a little more accurate. : HistoryMemes

Она што го забележувам во последниве години е се поголема присутност на „мемиња“ (memes) во начинот на кој размислуваат младите. Сите позначајни ставови во врска со историски настани, филозофски идеи, темелни промени во општествата кај нив се засновани на т.н. „мемиња“ за истите нешта. Но, зошто е тоа така?

Just a shitty, irrelevant Nietzsche meme. : nihilism

Мемето им обезбедува компресиран, сликовит („една слика вреди колку илјада зборови“) и брз податок за кое било прашање. Зошто да потрошат часови истражување за одредена тематика, кога мемето им обезбедува моментална слика и претстава за истото.

Тоа е парадоксот на современото општество – информациите се достапни со допир на прст, сите можни книги, статии, филмови, музика… премногу содржини, премногу малку време. Децата се родени со модерните технологии, не израснале со нив за да можат да ги восприемат правилно и постапно, тие за нив се дадени такви какви што се, небаре отсекогаш постоеле во таа форма. Тие немаат искуство за некој претходен свет во кој требало да преживееш нешто за да имаш мислење за тоа, или да отидеш во библиотека и да истражуваш за да „заработиш“ знаење.

You need a PhD in quantum memes to understand this one - FunSubstance |  Science memes, Physics memes, Funny facts

За нив ваквото размислување е само „бумерско“ (англ. „boomer“ = старец) и нема никакво значење. Можеби се во право, но кога станува збор за сериозно истражување поврзано со стекнување знаења и вештини на мала возраст, мораме да се потпреме на тактилните информации, на учебниците, на вртењето страници, на запишувањето итн.

Се чини дека ставот на МОН за електронските учебници се засновува на еден фундаментално грешен силогизам. Тоа би било како заклучувањето изведено од фактот дека можеме да пишуваме на компјутер, што логично значи дека не треба да ги користиме моливите, ниту тетратките во образованието.

Ова го зборувам како некој кој поголемиот дел од денот го поминува со технологијата, работи на компјутер, чита и истражува исклучиво од екран. Не го зборувам како некој кој се плаши од технологијата, напротив. Сметам дека е потребно да ги искористиме предностите на технологијата како социјалните медиуми за ширење на пораки и за граѓански активизам, и особено заради достапноста на информациите и децентрализирање на моќта. Но, воедно треба да им помогнеме на децата правилно и постапно да се развијат.

Моето мислење се засновува на развојните фази на човекот. Не можеме да ги негираме фактите на еволуцијата и тоа дека нашите мозоци пред да се адаптираат за новите технологии во последните децении растеле и се развивале со милениуми со традиционалните.

Кога пред многу години го запрашале Бил Гејтс на темата за читање на интернет, тој точно предвиде дека весниците ќе заминат во историјата и ќе се префрлат на екрани, додека со книгите тоа нема да се случи на масовно рамниште. И покрај постоењето на електронски книги, за сега е во право.

Да заклучам, лично сум против електронските книги како примарен медиум на учење, освен ако не изгледаат вака:

Одличен блог со детални визуелни и видео прикази за тематиките кои ги обработува

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *