Како лисиците го „гледаат“ магнетното поле на Земјата и тоа го користат за лов

Научниците долго време мислеле дека црвените лисици ловат во длабок снег со помош на нивниот исклучителен слух. Тие можат да го вртат секое уво посебно и тоа за 150 степени. Со помош на десетици мускули во ушниот канал, лисицата може прецизно да го лоцира изворот на звукот.

Но, во 2010 година научниците откриле дека техниката наречена „глувчешки скок“ која ја користат при фаќање на пленот има скриена предност. Кога лисиците го правеле скокот во насока на североисток процентот на успех во лов бил 73%. Се чини дека лисиците го порамнуваат нивното скокање со магнетското поле на Земјата?

Кога ќе слушнат плен под снегот или во длабока трева, тие ја порамнуваат главата со насоката на магнетното поле. Така можат точно да ја одредат локацијата на пленот под снегот и да „пресметаат“ каков и колку силен скок е потребен за да го фатат.

Научниците мислат дека тајната на оваа супер-моќ на лисиците е во протеинот кој се лачи во нивните очи наречен криптохром (сомнително потсетува на Криптонитот на Супермен:) кој е осетлив на земјиниот магнетизам. Тоа што овој протеин се лачи во очите може да значи дека лисиците можеби и го гледаат магнетното поле!

Одамна е познато дека птиците, пчелите, китовите и желките го користат магнетното поле на Земјата за навигација, но ако научниците се во право, црвените лисици би биле први животни за кое знаеме дека го користат земјиното магнетно поле за лов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *