Се што сте сакале да знаете за филмот „Враќање во иднината“, а не сте можеле да прашате!

„Враќање во иднината“ е легендарен и култен филм на Роберт Земекис (не на Стивен Спилберг, кој бил продуцент), со Мајкл Џи Фокс во главната улога. Иако денес се чини како совршен филм со комплексна и интересна приказна, патот до успехот не бил лесен.

Всушност, пред да биде снимен, филмот бил одбиен повеќе од 40 пати од големите студија! Подоцна, еден од продуцентите предложил да биде преименуван во „Вселенскиот човек од Плутон“!?

Just Biff Tannen - 9GAG

Том Вилсон, одличниот актер кој го глумел Биф Танен (и сите негови инкарнации), по 35 години давање одговори на истите прашања од фановите, испечатил картичка на која ги напишал одговорите на сите најчести прашања и им ја давал кога му приоѓале.

Ова се одговорите на Биф на најчестите прашања за филмот „Враќање во иднината.“

  • Јас сум Том Вилсон. Глумев во сите три филмови „Враќање во иднината.“ Мајкл Џ. Фокс е фин. Не сум во близок контакт со него. Кристофер Лојд е фин. Тој е многу срамежлив човек. Криспин Гловер е необичен, но не толку колку што понекогаш се претставува. Убаво се согласувавме. Леа Томпсон е фина. Ерик Столц првично го глумеше Марти, но беше отпуштен поради проблеми со изведбата.
  • Првиот филм е снимен во 1984 и 85 година. Продолженијата беа снимени „едно по друго“, за прв пат во историјата на филмските студија. Хавербордите не летаа навистина, висевме на жици од кран. Арското ѓубриво беше направено од мов, плута, земја и додаток за храна за да биде лепливо. Делорeан е мал автомобил, и скоро невозможно е за човек со нормална големина како мене да влезе и да излезе од него.
  • Во филмовите има многу ситни, но битни моменти кои го придвижуваат дејството, но јас не знам кои се тие. Меѓу многуте импровизации на сцена, го смислив терминот „butthead“, како и „Make like a tree, and get out of here“. Третиот филм ми беше омилен, бидејќи научив вестерн вештини како јавање коњ, фрлање јаже, брзо извлекување и пукање со пиштол, одлична авантура за момче од Филаделфија.
  • Имам многу почит кон моите соработници, но немам поим што прават во моментов. Стивен Спилберг беше извршен продуцент на филмот, но Роберт Земекис го режираше. Никој не знаеше дека филмовите ќе станат културен камен-темелник, но темите за пријателство и авантура толку моќно ја трогнаа публиката што почувствував потреба да ја создадам оваа картичка како заштеда на време. Тоа беше првиот филм во кој глумев, ако не ја сметаме улогата на мртовец во Кунг-Фу филмот ‘Ninja Turf.’
  • Љубовта е поважна од материјалните добра. Заработив помалку пари отколку што мислите. Не зборувам многу за филмовите затоа што сум зафатен со стендап комедија и музички настапи. Тие перформанси не се ни приближно големи колку филмовите, но сметам дека се пријатни и задоволувачки, така што тоа е областа на мојата концентрација.
  • Настапував на „The Tonight Show“ со Џони Карсон и со Џеј Лено, но не во исто време. Задоволен сум и горд со моите актерски кредити, наведени на imdb.com. Исто така сум сликар. Можете да ме контактирате на www.tomwilsonusa.com. Ви благодарам и Бог да ве благослови.

Еден извадок од комично-музичките настапи на Биф.

И картичката во оригинал:

Twitpic

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *