10 рандом факти за Непал, брокулите, Спартанците и други невообичаени нешта

  1. Просечно дете распознава 200 логоа на различни брендови до прво одделение

Во модерниот свет човекот во просек гледа околу 500 реклами дневно, не само на телевизија, туку и на интернет, па логично е децата да се брендписмени!

  1. Првиот роман напишан на машина за пишување е „Том Соер

Марк Твен бил пријател со Никола Тесла и голем љубител на новите технологии, па е логично тој да биде прв автор кој го напишал неговото дело „Авантурите на Том Соер“ на машина за пишување.

  1. Целосното име на Лос Ангелес е “El Pueblo de Nuestra Senora la Reina de los Angeles de Porciuncula”

Пред да си го искршите јазикот обидувајќи се да го изговорите оригиналното име, присетете се дека кратенката Л.А. има само 3% од неговата должина!

  1. Слоновите спијат само два часа дневно

Ова е точно за слоновите во природни живеалишта, додека во зоолошките градини спијат 4-6 часа дневно. Се разбира во затвореништво нема многу што да се прави, освен да се спие. Во природата кога бегаат од лавови или ловокрадци во подолг период можат да не спијат и по неколку дена. Опасно, но возбудливо!

  1. Во повеќето реклами времето на часовниците со сказалки е 10:10.

Нема никаква теорија на заговор зад ваквиот факт. Главната причина е што на сите часовници логоата кои се рекламираат се поставуваат во горната половина. Кога стрелките се во положба 10:10, логото кое се рекламира е секогаш видливо.

MRW My niece whines about eating her broccoli. - GIF on Imgur
  1. Брокули и карфиол се единствени зеленчуци кои се цвеќиња.

Всушност на англиски јазик самото име карфиол (cauliflower) го содржи зборот цвеќе во него!

  1. Во 400 г. пне. во Спарта имало 500.000 робови и само 25.000 жители.

Овој факт звучи толку неверојатно што ве поттикнуваме на понатамошно истражување. Во исто време (всушност малку порано, во 450 г. пне.) на истокот, Кина го забранила ропството, што довело до обединување на Кина. Цивилизациски разлики.

  1. Најголем број деца кои имаат иста родена мајка е 69.

Помеѓу 1725 и 1765 г-ѓа Василиев од Русија се породила 27 пати и притоа родила 16 пара близнаци, седум тројки и четири четворки. Вкупно: „69 dude!“

  1. Во просечен животен век, човекот изодува растојание колку 5 пати околу екваторот.

Кога ќе кажеме „просечен“, мислиме на оптимален, значи 80 години животен век, 7.500 чекори дневно во просек, значи вкупно 216.262.500 чекори или 177.000 километри. Должината на екваторот е 40.075 километри и, воала – речиси 5 пати околу екваторот!

  1. Непал е единствената држава која нема правоаголно знаме.

Наместо правоаголник, знамето на Непал е составено од два триаголници. За држава која граничи со Тибет и може да се очекува нешто невообичаено. Други две држави кои немаат правоаголно, туку знаме во форма на квадрат се Швајцарија и Ватикан, држави доволно моќни да им кажат „гајле ми е, ќе биде квадрат!“ на другите. Ова е факт во кој би уживал само ликот Шелдон Купер од серијата „Теоријата на големата експлозија“ – бам!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *