За македонските и бугарските работи

За некој кој е дојден во Македонија пред три децении од северно-западните краишта, оваа поранешна југословенска република имаше чудна репутација. Беше по малку мистична, но претежно луѓето од другите републики ја игнорираа, а по некој ја задеваше, како во популарната шега: „Е*и ја земјата на која Албанија и е Запад!“ Во меѓувреме работите се сменија, Албанија се ослободи од стегите на комунизмот, а ние нашиот прекрасен самоуправен социјализам го претворивме во транзициски „снајди-се-кој-знае“ капитализам. Но, да се навратиме.

Кога дојдов во Македонија, морав да го научам јазикот и културата, по дворовите здогледав праски на дрвјата и луѓе кои колективно прават Ајвар, како тоа да е најбитната работа на светот. За мене сето тоа беше необично, за мене Македонија беше волшебно место. Но, никогаш не сум помислил дека ова место е Бугарија. Го научив македонскиот јазик, а подоцна почнав да пишувам книги – но се уште не можам да разберам ниту една единствена реченица на бугарски јазик!

Bulgaria-North Macedonia relations plagued by history and language issues

За некој кој што живеел во Босна, и српско-хрватскиот јазик е мајчин јазик, на училиште наизменично пишувавме кирилица и латиница (немавме посебни гуми за двете азбуки, како што тврдеше серијата Топ листа надреалиста). Србите и Хрватите имаа бурна разделба, но никогаш не го оспорувале идентитетот едни на други, иако имаат идентичен јазик. Меѓу другото, Хрватите никогаш не тврделе дека Никола Тесла е нивен научник, иако е роден на територијата на денешна Хрватска, за разлика од Бугарија.

Македонија е прекрасно место. Не заборавајте дека таа е единствената југословенска република која се одвои од федерацијата на Југославија по мирен пат. Мешавината на многуте националности и култури тука е толку очигледна, дури и за окото на странците, што „Македонија“ (la macedonia) во Италија значи „овошна салата“ – мешавина од сите слатки вкусови и овошја! И со право.

Македонија им даде глас на сите малцинства, албански, босански, српски, влашки, турски, ромски… и сите тие можат да изберат да ги поседуваат официјалните документи на нивниот мајчин јазик. Тие можат полесно да се запишат на универзитет и да се вработат само врз основа на нивниот малцински статус. Македонија е единствената земја каде Власите (Аромуните, Цинцарите) и Ромите се официјално признати како малцинство! Исто така официјално се признаени Турците, Србите и Бошњаците (0,8 проценти од населението).

Што можат да кажат нашите соседи за тоа? Што стори Грција или Бугарија, двата главни борци за уништување на нашето достоинство како човечки суштества со бришење на нашето минато и идентитет, во насока на промовирање на мултикултурата или нивните малцинства? Во Македонија има многу постари луѓе кои можат да ви раскажат приказна или две за нивното детство во Егејска или Пиринска Македонија кога насилно биле избркани од нивните домови.

Грција не признава никакво малцинство, иако има речиси 500 илјади Албанци, 250 илјади Роми, 200 илјади Власи, 100 илјади етнички Македонци и исто толку Турци итн. Грција честопати категорично наведува дека не признава дека „на нејзината територија постои одредено етничко или јазично малцинство кое се идентификува со името македонско“. Тие признаваат само едно малцинство, муслиманското верско малцинство во Западна Тракија, кое е заштитено со условите на Договорот од Лозана во 1923 година (кој можеби ќе биде прекинат во 2023 година, што укажува за цивилизациското назадување во последните 100 години).

Šta će se dogoditi sa Turskom nakon 2023. godine? Da li Lozanski mirovni  ugovor prestaje važiti? | Nova Zora

Според официјалните консензуси Бугарија има мнозинско население од речиси 90 проценти и како таква е една од етнички најчистите земји која не признава ниту едно од малцинствата! Албанија, напротив, официјално признава три национални малцинства – Грци, Македонци и Црногорци. Бугарските власти покажаа амбивалентност кон признавањето на постоењето на малцинствата во Бугарија. Самиот Устав не го користи терминот „национално малцинство“ – наместо тоа се однесува на „граѓани чиј мајчин јазик не е бугарски“. Терминот „национално малцинство“ не се појавува никаде во бугарското законодавство.

Сепак, Бугарија има најголемо ромско население во ЕУ во однос на вкупното население и големо непрепознаено влашко население. Нивната Влада го негира постоењето на етничко македонско малцинство и не ги признава Помаците (што Владата ги смета за муслимани кои зборуваат бугарски јазик) како посебно малцинство – тврдејќи дека и двете групи се всушност етнички Бугари.
Наместо да биде казнета, Бугарија е наградена со членство во Европска унија, додека Македонија беше казнета за мирната и толерантна природа со промена на нејзиното име. Ние, по кој знае кој пат, ја свиткавме главата и направивме тежок чекор за просперитетот и интеграцијата на Македонија во европското семејство. За жал, тоа не се случи.

За мене беше голем парадокс кога дознав дека големите македонски историски личности нашите соседи не ги сметаат за македонци. Големите мислители, водачи и револуционери од Кирил и Методиј, до Цар Самоил и Гоце Делчев биле наводно Бугари, Крали Марко бил Србин, а Аристотел и Александар Велики (не „македонски“) биле, се разбира, Грци. Листата на имиња всушност е многу поголема. За нашите соседи едноставно не постои една единствена личност од историјата на Македонија, која е македонска. Што сме тогаш ние и дали воопшто постоиме?

Би сакал да знам која земја во историјата на светот била толку етнички чиста што може да ги присвои сите свои важни луѓе како етнички чисти и да го негира фактот дека луѓето мигрирале, патувале и ги ширеле нивните хоризонти. Денес многу деца во светот зборуваат подобро и го користат повеќе англискиот јазик отколку нивниот мајчин јазик, дали тоа ги прави американци?

Навистина, што го прави еден човек да биде член на една нација? Неговото родно место, неговиот јазик, обичаи, лични верувања?… Сето тоа е толку субјективно. Во Бугарија не можеш истовремено да бидеш Македонец и Бугар, во Грција – исто. Тоа е националистичко и шовинистичко, „не-европско“ и заглавено во старите парадигми и верувања на националистичките вредности над се, спротивно на „европското семејство“, што и самата таа фраза станува без значење .

Ако е така, можеби Македонија, позната по своето прифаќање на сите раси, националности и верувања – воопшто не припаѓа во Европа!

One thought on “За македонските и бугарските работи

  1. Жалната слика за Балгарија
    Роми 15-20%
    Турци 10-15%
    Власи ( непрепознаени ) 300-500.000
    Македонци 50.000 -???
    Помаци 100.000
    Каракачани 50.000 – 100.000
    Ермрнци, Руснаци, Романци, Грци ….

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *