10 факти за диносаурусите кои (можеби) не сте ги знаеле

Диносаурусите ги восхитувале луѓето од дамнина, еве неколку интересни факти за нив.

1) Грозни гуштери?

Името диносауруси потекнува од грчките зборови deinos и sauros со значење „ужасно (големи) гуштери“, однесувајќи се на големината на фосилните диносауруси познати во тоа време. Овој термин првпат бил употребен во 1842 година од англискиот научник Ричард Овен (1804–1892).

2) Еден предок

За диносаурусите се смета дека се „монофилетични“, што значи дека сите членови на оваа група имаат единствен заеднички предок.

3) Нови фосили

Првиот фосил препознатлив како диносаурус бил пријавен во 1824 од Вилијам Бакленд (1784–1856), професор од Оксфорд. Тој препознал дека припаѓа на група големи месојадни влекачи и му го дал името мегалосаурус (голем гуштер). Веројатно е дека Кинезите пронашле слични примероци многу порано, бидејќи постојат записи од времето на династијата Хан (206 п.н.е. – 220 г. н.е.) за т.н. „коски на змејови“ во јужна Кина.

4) Паметни диносауруси

Сите докази укажуваат на тоа дека диносаурусите биле интелигентни и активни. Имале многу брз метаболизам за да ја претворат храната во раст.

5) Ладнокрвни или топлокрвни?

Во научниот свет постои поделба во однос на идејата дали биле ладнокрвни, како денешните рептили, или топлокрвни, нa пониско ниво на хомеотермија (терморегулација) од птиците. Поради нивното постоење во период од 150 милиони години и многу видови, постои можност различни групи да имале различен метаболизам.

6) Ама порасна детево!

Тираносаурус Рекс, кој спаѓа во тероподите, растел по околу половина тон месечно во врвот на развојот.

7) Воздух во коските?

Во 1870 година научниците откриле дека скелетите на многу диносауруси содржеле многу празнини исполнети со воздух, но не била позната нивната функција. Подоцна откриле дека овие празнини биле поврзани со воздушни ќесички, како оние кај птиците. Ваков вид респираторен систем е најефикасен од сите животни

8) Јади камења за добро варење!

Се смета дека некои диносауруси, како и птиците, голтале камења, познати како гастролити, кои им помагале во варењето на храната преку мелење.

9) Машко или женско?

Женките имале специјална медуларна коска, која била богата со калциум за производство на лушпата од јајцата. Со идентификација на оваа коска научниците можат и да го одредат полот на фосилите.

10) Крокодилот Дино

Меѓу живите животни, најблиските роднини со диносаурусите се крокодилите. Тие имаат неколку заеднички карактеристики, како скелетот и нивната ДНК. Други заеднички морфофизиолошки карактеристики се напреден еднонасочен систем за вентилација на белите дробови, па дури и карактеристики на однесувањето како чување гнездо и кооперативен лов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *