Колку мравки има, дали слоновите можат да скокаат и други тотално бескорисни факти од животинскиот свет!

  1. Жирафите и стаорците можат да издржат подолго без вода отколку камилите.

Одредени видови стаорци можат да издржат без капка вода – со години! Како е тоа возможно? Едноставно имаат поинаков метаболизам кој поефикасно ја изолира водата од храната која ја јадат. Значи имаат трик во ракавот!

  1. Камилите имаат три очни капаци.

Можеби ја изгубија битката за издржување без вода, но кога станува збор за очни капаци, тие се шампиони! Екстра очни капаци се за заштита од здодевниот песок кој постојано им дува во очите. Ако бедуините мислат дека се заштитени повеќе со нивните чалми, се лажат!

  1. Голите полжави имаат четири носови.

Не само што се голи, овие полжави се дополнително непристојни со нивните четири носа. Всушност имаат четири пипци со мирисни органи на нив, но за наша забава ги нарекуваме носови.

  1. Полжав може да спие 3 години.

Кај бавни, па уште и спијат 3 години, репутацијата на полжавите е во опасност да бидат прогласени за најмрзливи суштества! Сепак, полжавите влегуваат во таква фаза само ако нема доволно влажност во живеалиштето, и во сушни периоди го успоруваат метаболизмот. Единствено што работи е нивната семоќна лига која се лачи и ги заштитува да не се исушат.

  1. Има околу милион мравки по секој човек.

Ако ви се чини дека на планетата земја има луѓе ко мравки, грешите. Вистината е дека има околу милион, ако не и повеќе, мравки на секој човек (на секоја единка, не буквално „врз“ секој човек:) Само една колонија мравки може да има жители колку градот Скопје!

ANTS ANTS everywhere - Toy Story - quickmeme
  1. Ајкулата е единствената риба која може да трепка.

Факт: рибите немаат очни капаци! Ајкулата е единствена риба која има т.н. трепкачка ципа со која ги заштитува очите во случај на опасност. Ваков орган имаат некои цицачи, птици и рептили, а сите сме ги виделе кај нашите домашни мачки. Како да не беше доволно совршена машина за убивање, па и фалеше уште и орган кој воопшто не постои кај ниту една друга риба.

  1. Бубачките се силни!

Многу инсекти можат да носат 50 пати поголема од сопствената телесна тежина. Тоа би било како вие да можете да кренете 2 автомобили полни со луѓе! Но, апсолутен Шварци помеѓу рибите е бубачката носорог која може да крене тежина 850 пати поголема од сопствената. Е колку автомобили со цели семејства во нив се тоа, пресметајте сами!

  1. Слоновите се единствените цицачи кои не можат да скокаат.

Е па кога имаш нозе кои мораат да носат 5 тони тежина, тоа ти е! За разлика од повеќето цицачи, коските во нозете на слоновите се насочени надолу, што значи дека немаат „пружина“ потребен за да се оттурнат од земјата. А и кога би имале, тоа би требало да биде амортизер од некоја ФАП машина!

  1. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок.

Можеби затоа ја пика главата во песокта? Сепак, митот за пикањето на главата во песок е неточен, тие само ги превртуваат јајцата во гнездото, па изгледа дека ја пикаат главата во дупка. Мозокот на нојот не е мал во однос на другите птици, но нивните очи се најгооолеми!

  1. Тигрите имаат пруги на кожата, не само на крзното

Не ви советуваме да избричите тигар за да се уверите во овој факт, едноставно – верувајте ни!

Theres a tiger in you Tiger in me meme - MemeZila.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *