5 неверојатни научни факти кои ќе ве изненадат и насмеат

НЕВЕРОЈАТНИ ФАКТИ ЗА ЛУЃЕТО, ЖИВОТНИТЕ, ВСЕЛЕНАТА И МНОГУ ДРУГИ НЕШТА!

1. Бебињата имаат речиси 100 коски повеќе од возрасните!

Сите знаеме дека бебињата се чудни суштества, ако не им ја придржуваме главата таа може да се отркала по под – во водовод! Шега настрана, бебињата не се вонземјани и немаат екстра коски. Вистината е дека нивните коски се одделени со ‘рскавица за полесно да поминат низ родниот канал. Едноставен родителесен факт! Е така. Друг возрасителен факт е дека истото бебе кога ќе порасне има 206 коски. Каде отишле прашувате? Никој не знае, но некои тврдат дека им сраснуваат.

2. Ајфеловата кула летно време расте 15 см во висина!

Кога бевме деца цртаниот филм „Попај“ нѐ учеше дека треба да јадеме спанаќ за да бидеме силни. Крцни конзерва, лапни спанаќ и мускулот – оп! Сите знаеме дека тоа не е поради железото во конзервата, туку во спанаќот. Но, дали истото железо ја поттикнува Ајфеловата кула на раст, и зошто лете? Секој белјаџија знае дека на спреевите има еден знак „не ставај на оган“, а за некои од нив тоа значи „стори го тоа“. Последиците се опасни и екслозивни, а физиката е еденоставна – гасот се шири и кога нема каде – бум! Слично на тоа се шират и течностите и цврстите тела, особено железото. Затоа при градба на железнички пруги, мостови, железни градби и да – Ајфеловата кула, мора да се остави простор за летното здебелување – инаку нема влегување во костумот за капење!

Photo in Paris “I love Berlin” t-shirt hoody Eiffel tower trolling |  StareCat.com

3. Една лажичка неутронска ѕвезда тежи 6 милијарди тони

За вкусна супа земете 1 литар вода, малку сол, една коцка за супа и кога ќе зоврие додадете го фидето. Можете да зачините со една лажичка неутронска ѕвезда – упс отиде супата! Неутронска ѕвезда е остаток од експлозија на ѕвезда (супернова – всушност екслозија на стара ѕвезда) која е побуцкаста од нашето Сонце најмалку 3 пати. Нејзината гравитација е толку силна што не може да ѝ се спротистави дури ни Атомската мравка. Внатре во атомите протоните и неутроните се поништуваат и останува само јадрото од ѕвездата составено само од јадра на атомите – неутрони. Сепак, познато е дека црните дупки знаат да им се потсмеваат на неутронските ѕвезди нарекувајќи ги „неуспешни“. Од наша гледна точка тие се неверојатни вселенски објекти со гравитација посилна од таа на Земјата двесте милијарди пати, или двојка со 11 нули, а тоа не е шега!

4. За 2.3 милијарди години на Земјата ќе биде прежешко за живеење и глобалното затоплување нема врска со тоа!

Сонцето го дава животот на Земјата и тоа (ако животот опстане до тогаш) ќе го земе! Нашето Сонце е на средина на својот циклус и за 5 милијарди години ќе се претвори во џуџе. Какво џуџе? Кафено, како кафе. Но, пред тоа ќе има големо напуштање на сцената. Сонцето гори така што го троши водородот и од него прави хелиум. Оној лесен гас, што прави смешен глас и полни балони, детето да ги гони. Тој процес се вика фузија – спојувањето атоми, не бркањето балони. И така Сонцето си реди атоми по периодниот систем додека не ги потроши и од мака да се подуе. Тука настануваат проблемите на земјаните, кога во океаните ќе настане рибина чорба, а лавовите ќе си ја избрчат гривата и ќе се преселат на Антарктик, но за џабе – ќе нема спас(к), освен за Илон Маск!

Elon Musk and Grimes name son X Æ A-12. Full story in 50 best jokes and  memes online - Trending News News

5. Октоподот има три срца и девет мозоци… и други неверојатни животни!

Во светот на животните постојат многу супер-моќи. Пеперутките гледаат ултравиолетова светлина, болвите можат да рипнат 50 пати колку нивното тело, на шумската жаба од САД може да ѝ замрзне 70% од телото и да преживее, делфините се разбираат со ултразвуци, а октоподот има три срца и девет мозоци, може да го протне телото низ отвор широк колку неговиот клун! Но, сите овие моќи тие не ги користат за фаќање криминалци или за спасување луѓе ширум САД, туку за нивните лични потреби. Пеперутката преку нејзиниот супер-вид го препознава нектарот во цвеќињата, болвата рипа на топлокрвно животно, жабата преживува во замрзнати води (и веројатно си кулира), а октоподот – кој знае што мисли тој со неговите девет мозоци!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *