„Вселената е 11 димензионална хиперпросторна Нирвана!“

Во минатиот текст за Мичио Како го споделивме неговото мислење за потенцијалниот прв контакт на нашата цивилизација со вонземска цивилизација.

Ова беше само една од идеите кои ги има изнесено овој познат теоретски физичар и популаризатор на науката во неговото последно интервју за The Guardian.

Интервјуто е пронижано со мноштво интересни теми, од Теорија на се и колку сме блиску денес до неа, тема која му е многу позната на проф. Каку, како автор на Теоријата на поле на струни до Исак Њутн и последните пронајдоци кои произлегуваат од експериментите на Големиот хадронски судирач (англ. Large Hadron Collider, LHC).

Кога зборува за Њутн, проф. Каку прави паралела со денешнината и вели дека тој најголемите откритија ги направил за време на големи превирања, во 1666 година, периодот на епидемијата на чума во Европа. Изолиран од светот, сам со своите истражувања, Њутн ги поставил темелите на модерната наука и физика, кои важеле речиси 500 години, а се применуваат и ден-денес кога се планираат вселенските летови.

Интересен и неочекуван е ставот на проф. Каку во врска со религијата во кој тој ја опишува вселената како „11-димензионална хиперпросторна Нирвана“ и спој на повеќе основни религиски принципи во еден научен принцип, кои ги изнесува во неговото ново дело „The God Equation“.

Прочитајте повеќе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *