Дејв Грол, тапанар на Нирвана, лидер на Фу Фајтерс, хроничар на музиката и сега реномиран автор!

Автобиографската книга на Дејв Грол, најфиниот панк-рокер во историјата на музиката, е објавена на 5 април 2021 година.

Навидум се работи за едно заокружување на плодна 35-годишна кариера која започна со бендот Скрим (Scream), а се чинеше дека ќе заврши со Нирвана (Nirvana), каде „веќе и пилињата знаат“ Грол свиреше на тапани.

Dave Grohl's five best isolated drum tracks

Нирвана станаа популарни во времето кога панк-рок музиката можеше да биде комерцијална и широко прифатена. Денес тоа се чини незамисливо и најблиску до тоа стигнаа Ајдлс (Idles) или можеби Слејвс (Slaves). Но, се разбира нив не ги знае секое дете на новиот милениум кое на JBL безжичен звучник поврзан со неговиот мобилен телефон на цел глас слуша мамбл рап. Тоа е популарно денес, нели, или веќе не е?

Да се навратиме на Грол, кој по смртта на Курт Кобејн, не се откажа од музиката, туку зема гитара во рацете и направи сопствен бенд. Многумина тогаш го осудија, но ретко кој предвиде дека Фу Фајтерс (Foo Fighters) ќе станат еден од најомилените и најпознатите американски бендови способни да полнат арени и стадиони во целиот свет.

Foo Fighters Storm Leeds With Most Fun Set of the Summer.

Грол, се чини од малкуте интервјуа кои ги има дадено за Кобејн, го нема прежалено. Во скорешно интервју со Хауард Стерн, Грол раскажува како еден ден неговата 11-годишна ќерка посакала да излезат и да се повозат надвор затоа што и здодеало да бидат затворени дома. Додека се возеле на радиото засвирила ‘Come as You Are’. Ќерката на Грол ја запеала песната и ги знаела сите зборови! Грол призна дека никогаш не и ја пуштил песната и дека не зборувале за Нирвана. Тогаш го прашала дали Курт бил срамежлив, а Дејв одговорил дека на некој начин бил.

Нирвана остави печат врз цела една генерација деца и во нашето мало, заборавено од светот гратче, младината во април 1994 година, откако дозна за смртта на Кобејн се собра пред Соборниот Храм во Скопје, да му оддаде почит. Прочитајте за ова, за пулсот на алтернативната младина во Скопје и за тоа што значеше Нирвана за тие генерации во делото „3 минути и 53 секунди“ на Берт Стајн (стр.79-85).

Се разбира, историјата ќе просуди, но Дејв Грол е можеби позначаен од Курт Кобејн, како музичар, историчар на музиката и на се она што таа значи за луѓето, како и заради неговите активности надвор од музиката, а првенствено како човек и хуманист.

Дејв Грол ја издаде неговата автобиографска книга на 27-годишнината од смрта на 27-годишниот Курт Кобејн (5 април 1994). Слушнете извадок од ова вредно за читање дело:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *