Астероидот Апофис ќе ја поштеди Земјата во следните 100 години

Астероидот Апофис е откриен во 2004 година и за него до скоро постоеше предупредување дека може да удри во Земјата во оваа или следните децении.

Астероидот Апофис на 13 април 2029 година сепак ќе помине многу блиску, на 10% од оддалеченоста помеѓу Земјата и Месечината, поради што ќе биде видлив со голо око.

Animation of the orbits of Earth and Apophis showing how often they cross each other.

Пред 66 милиони години Земјата била удрена од астероид кој уништил голем процент на животот, вклучително и диносаурусите, и го сменил текот на еволуцијата на нашата планета.

Апофис е многу помал, но би предизвикал „значително регионално оштетување“, а според научникот Нил Деграс Тајсон, ако удри во океан може да предизвика големо цунами кое би го збришало целиот западен брег на САД. Според научните модели Земјата ја удираат вселенски тела со таква големина на секои 80.000 години.

Според последните истражувања направени во март, Апофис нема да удри во нашата планета во следните 100 години. Сепак, човештвото е веќе на стадиум на развој кога технологијата ни овозможува да развиеме превентивни мерки и вселенските агенции веќе работат на план кој би го „поттурнал“ Апофис на побезбедно растојание од Земјата.

Повеќе информации тука и во видеото подолу каде нашиот омилени руски јутјубер и професор ќе ви објасни се што треба да знаете за астероидот Апофис:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *