Со уметност против загадувањето и климатските промени!

Дур се занимаваме со поинакви нешта кои можеби ќе заминат, едно е сигурно – загадувањето е секогаш тука и нема да нѐ наушти! Некој ќе настрада, некој ќе се извлече, но еј – тоа е цената на прогресот (читај: профитот за поединци).

Витрансфер, сервис кој го користат милиони уметници, креативци и луѓе кои работат со големи дигитални фајлови, побара од уметниците за „возврат“ да направат плакати со кои ќе се придружат на глобалниот протест против загадувањето и климатските промени. Уметниците одговорија.

Особено нѐ погоди плакатот и приказната на Anisa Makhoul, која не е од Африка или некоја неразвиена земја, туку од најмоќната земја на планетата – САД. Застанете за момент и помислете како е кај нас…

Она што е битно да заклучиме е дека сите мораме да биде активни на полето на екологијата, од уметници преку интелектуалци, новинари и јавни чичности, но и професионалци од сите области зашто само така ќе ги притиснеме властите да се грижат подобро за нас. Ако сме пасивни, ќе бидат и тие.

Anisa Makhoul

„Пред неколку години беше откриено дека фабриката за стакло карши градинката на мојот син не ги користи филтрите за воздух на оџаците. Беше пронајдена огромна количина на олово во воздухот околу фабриката, па дури и на игралиштето на мојот син. Јас и мојот син навистина се чувствувавме лошо во тој период. Компанијата за стакло го реши проблемот само затоа што беа фатени. Фабриките се нашите најголемите загадувачи и ни требаат поиновативни начини на произведување нешта за сите да бидеме здрави “, коментираше Аниса за Витрансфер.

Како што е познато од случувањата во Флинт, Мичиген (погледнете го документарецот Fahrenheit 11/9 на Мајкл Мур), ова не се случува прв пат во САД, а патем речено – труењето со олово не може да се исчисти од системот и се пренесува дури и на следните генерации!

Другите плакати ви ги пренесуваме без приказната поврзана со нив зашто сметаме дека „сликата вреди илјада зборови“ и ве покануваме да ја посетите статијата на Витрансфер или да ги симнете постерите тука.

Daniel Liévano

Stefan Marx

Karabo Poppy

Walid Bukhari

Yeji Yun

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *