Секоја пролет во Македонија снег, а на Марс – облак!

Прв ден на пролетта во нашата земја беше означен со пролетен снег, а на Марс се појави облак. Но, нели Марс нема атмосфера?

Марс има атмосфера, но таа е многу поретка од нашата (и се состои од 95% C02), поради што атмосферскиот притисок е 1% од тој на Земјата. Вакви појави (облаци, песочни бури, мали торнада) се забележани на црвената планета, каде што Илон Маск сака да се врати, или да оди, зависи како гледате на него.

Облакот на Марс се формира секоја пролет на една од највисоките планини и трае само неколку часа. Научниците искористиле стара камера на Mars Express и го направиле ова видео:

Облакот е долг 1800 километри, а широк 150 км, и расте со огромна брзина (600км/час) до висина од 45 километри над планината Arsia Mons. Механизмот на создавање на облакот е веројатно сличен со тој на земјата, со загревање и испарување на мразот.

Повеќе информации тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *