Арно.мк подарува по една бесплатна онлајн книга од едицијата „Фактопедија“ секој месец!

Едицијата „Фактопедија“ започна како идеја на Бранко Прља за промоција и популаризација на личности и идеи кои оставиле печат на човештвото. Идејата е да се инспирираат помладите генерации на едни поинакви идоли од тие кои им се вообичаени.

Во денешниот свет младите се инспирирани од „јутјубери“, „инфлуенсери“ од социјалните медиуми и други ликови кои не прават ништо особено во животот, но сепак одземаат часови и часови од времето, вниманието и соништата на тие кои ги гледаат. Идејата за успешен човек е тој кој е популарен, неговите видеа имаат многу „кликови“, „лајкови“ и „сабскрајбери“. Потребата од вистински идоли и примери е поголема денес отколку кога било порано, особено во едно општество во кое науката, уметноста, културата, образованието и другите „духовни“ вредности се на ниско ниво.

Во првата фаза во едицијата „Фактопедија“ се објавени 5 книгички:

  1. Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017)
  2. Необични факти од животот на Никола Тесла (2017)
  3. Јаболкото на Њутн (2018)
  4. Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019)
  5. Made In China – Кинески изуми (2019)

Од декември 2020 година книгите се објавуваат под покровителство на порталот Арно.мк со идеја секој месец да се издаде по една бесплатна онлајн книгичка. До сега се објавени:

  1. 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020)
  2. Мустаќлии кои го смениле светот (2021)
  3. Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021)
  4. „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021)

Сите книгички од оваа едиција се достапни за бесплатно симнување или читање (линковите се погоре), а печатените изданија може да се најдат во книжарниците Антолог и Или-Или.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *