Фразата „ништо не е оригинално“ добива особено значење со посета на сајтот Whosampled.
Заедница од 25.000 членови кои трудољубиво и внимателно преслушуваат песни и се обидуваат да откријат која песна позајмила ритам, мелодија или била инспирирана од дел од друга песна.
Јавна тајна е дека т.н. Amen break е најсемплуваниот ритам во историјата на музиката (особено во Drum and bass) кој се појавува во над 2.000 песни.
Сајтот Whosampled е бесконечен извор на забава за музички сладокусци, но и за секој кој барем малку е заинтересиран за музиката. Со каталог од речиси милион песни и четвртина милион музичари и бендови, гарантирано е пропаѓање во музичката зајачка дупка од која нема да излезете со иста перцепција на светот.
Ако ве интересира во која песна е прв пат употребена фразата “Throw your hands in the air and wave ’em like you just don’t care”
И како таа песна е поврзана со оваа песна:
Или ако ве интересира како Nirvana е поврзана со The Prodigy, посетете го овој интересен сајт. На забавата и нема крај!