Нова пост-панк револуција… внимание: не е за старци!

Сте слушнале ли за британскиот пост-панк-рок бенд Shame, кои се своевидно музичко дете на Joy Division и The Stranglers, со далечни роднини како Fugazi, Fear, Gang of Four и други култни бендови од тој музички жанр!?

Јас не… до пред неколку недели. Се срамам од тоа што стареам, што сум „boomer“ во очите на денешните млади. Верувајте се трудам да ја следам музичката сцена, но во последно време тоа повеќе се сведува на понудите на Youtube алгоритмот отколку на некое систематско музичко истражување на сцената. Признавам, слушам и сакам секаква музика, но ако некој ме натера да признаам кој ми е омилен жанр, тоа би бил панк-рокот. Slaves и Idles ми се омилени од поновите бендови и нивната енергија е на ниво.

Токму овие два бенда се предводници на пост-панк „револуцијата“ (под наводници зошто во денешно време е тешко да се предводат револуции засновани на култура, зашто ја има толку многу и насекаде).

Иако Idles се музички и концептуално неприкосновени, се повеќе им се придруѓуваат и други млади бендови со членови кои речиси можат да им бидат деца. Британските пост-панкери Shame, се 20-годишни момци од Лондон и имаат само еден албум, а сепак свират како искусни музичари.

По завршувањето на средното училиште и на матурските испити, бидејќи не сакале да продолжат со високото образование, во текот на летото го направиле бендот, како што самите велат „од здодевност.“ На Криво 15 јануари 2021 година треба да излезе нивниот втор албум.

Се чини дека влијанието на овој албум е повеќе поместено кон Talking Heads, со Franz Ferdinand моменти, a пејачот се повеќе наликува на John Lydon од легендарните Sex Pistols.

Они самите ги споменуваат бендовите од нивната генерација како Go Girl, Sorry, Hm ltd., Hotel Lux и самите велат дека во Јужен Лондон се развива post-punk движење кое може да се спореди со Grunge движењето во Сиетл, САД! Тоа е храбра, и воедно возбудлива, изјава.

Нивниот настап на најголемата и најдобрата платформа за промоција на алтернативната, оригинална и квалитетна музика KEXP, од 2018 година е одличен, преслушајте:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *