Кога ќе ги слушнеме зборовите астероид и Земја ни се палат сијалички за тревога, но во овој случај се работи за капсула со примерок од астероидот Ryugu како дел од јапонската мисија Hayabusa2.
Целта на мисијата е истражувањето на потеклото на астероидите, увид во раниот сончев систем и потенцијално да се добијат информации за настанувањето животот на Земјата.
Научниците веруваат дека астероидот е стар 4 милијарди години, а мисијата Hayabusa2 година и пол орбитирала околу него праќајќи сонди за подготовка на извлекувањето примерок од астероидот. Идејата била да се соберат неколку грама материјал кои биле сочувани со милијарди години во вакуумот на вселената.

Научниците ќе се обидат да дознаат како од примордијалниот Сончев систем кој бил голема маса гас се формирале протопланетите.
Астероидот Ryugu е голем колку неколку градски населби и е еден од најтемните сателити кои се откриени поради неговиот состав од заробени јаглеродни органски компоненти. Уште одамна се смета дека астероидите се клучни во создавањето на животот на Земјата и можеби оваа мисија ќе ни помогне да разбереме и како.
Прочитајте повеќе.