Заборави го Black Friday, сети се на „Дај, не фрлај!“

Пред 4 години, на Black Friday, ја отворивме Фејсбук групата која ја нарековме „Дај, не фрлај!“ Идејата ни беше да се спротивставиме на праксата за купување заради купување, општа негрижа за околината и безумен консумеризам. Денес, со оглед на пандемијата, ни се чини дека е уште побитно да се спротивставиме на идејата за трчање по продавници и непотребно купување.

Дај, не фрлај!“ – само уште една Фејсбук група или почеток на една  револуција? | okno.mk

Денес групата има речиси 50.000 членови и бројот на работите кои се подарени веќе одамна ги надмина способностите на админите и модераторите да водат некоја евиденција. Но, битното е дека многу предмети се сочувани од фрлање, дека многу луѓе го нашле тоа што им треба или не купиле ново, кога некој друг веќе има употребливо и сака да го подари.

Групата беше замислена како една мини-анархија, анти-капитализам, кибер-социјализам, еден експеримент на виртуелно општествено уредување. Сепак, одредени правила мораа да бидат воспоставени, пр. нема продавање или купување, нема рекламирање на приватни бизниси, никој не смее да профитира од групата и се‘ мора да биде засновано на желбата да се помогне, да се сподели, да се разбере другиот, а народот ги презема контролите на овој утопистички проект.

Дај, не фрлај!“ – само уште една Фејсбук група или почеток на една  револуција? | okno.mk

Не знам колку од членовите се сеќаваат на првиот пост со кој е отворена групата, па за да се присетиме на основните начела на групата „Дај, не фрлај“, кои важат и денес, го објавуваме текстот во оригинал:


„Имаш работи кои ти стојат по дома, во подрум или во гаража, а не ти требаат. Количка за бебе, велосипед, кондури, облека, играчки… Наместо да ги фрлиш или однесеш работите кои не ти требаат таму каде што нема да знаеш до каде ќе стигнат, објави ги во оваа група и тој на кој што му требаат ќе може да си ги пронајде сам.


Да изградиме општество во кое подарувањето е примарно, а купувањето секундарно. Да ја кренеме довербата помеѓу луѓето и чувството дека некој што не го познаваме, а живее во иста држава со нас навистина се грижи за нас. Да ја урнеме потрошувачката парадигма која што владее со сите нас.

Сите сме пораснале носејќи облека на браќа и сестри, братучеди и синови и ќерки на најдобрите пријатели на нашите родители. Ако се уште го практикуваш ова, а немаш на кого близок да му ги подариш тие работи, објави ги во оваа група и подари ги на некој кој што му требаат, а не го познаваш. Ќе се чувствуваш подобро, и тој ќе се чувствува подобро, сите добиваме:)

Дај, не фрлај“ - Фејсбук група за размена на стари работи | okno.mk

Не подарувај нешто што не би го дал ни на сопственото дете. Да не е скинато или неупотребливо. Се што е сочувано и речиси ново. Зачисти ги малку, обнови ги работите, направи фотка и постави ги во оваа група.

Мислевме дека е „баш згодно“ да ја објавиме оваа група денес, на најголемиот светски потрошувачки празник, Black Friday:)“


Групата не е хуманитарна, но има хумана димензија. Од првичната идеја на антиконсумеризам се разви и еколошкиот аспект на групата, да не се фрла непотребно, работите да не завршуваат на отпад ако не мора и да се реупотребуваат. Ни се чини дека тоа е највредниот аспект на групата.

И не заборавај: „Дај, не фрлај!“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *