Што е тоа зелен водород и како се добива?

Има три начини како може да се произведе водород.

На првиот начин водородот се „извлекува“ од нафтата или јагленот при што се ослободува CO2. Добиениот водород со овој тип на екстракција се вика „сив водород“ (gray hydrogen).

Вториот начин е ист како првиот, со таа разлика што ослободениот CO2 не се испушта во атмосферата, туку се складира за индустриска употреба. Водородот добиен на овој начин се нарекува „син водород“ (blue hydrogen).

Hydrogen - Future Energy, Here Today - Woodside Energy

И третиот, и еднинствениот еколошки начин на производство на водород, е со електролиза на вода при што се користи струја добиена од обновливи извори. Тоа е „зелениот водород“ (green hydrogen).

Главниот проблем е дека еколошкиот зелен водород не е евтин да се произведе, но тоа наскоро може да се смени… видете го видеото за повеќе детали:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *