Галилео, бунтовник со научна причина!

Галилео бил еден од најголемите научници во историјата, а Марио Ливио во неговото дело „Галилео и оспорувачите на науката“ (Galileo: And the Science Deniers) дава осврт кон неговите откритија и предизвиците со кои се соочувал од страна на тие кои ја негирале науката.

Galileo Galilei | Christian History

Марио Ливио е израелско-американски астрофизичар и популаризатор на науката, автор на повеќе од 400 текстови и на делата кои се занимаваат со темите како математика и вселена, златен пресек, бројка Пи, симетрија, религија и последното дело за животот на Галилео Галилеј.

Темата на негирање на науката е особено актуелна денес, кога се чини дека бројот на противниците на науката станува се поголем. Тоа можеби и не е чудно, зашто во време на голем страв, луѓето тежнеат кон ирационално размислување. Поради тоа можат и да дејствуваат ирационално и да им наштетат на другите луѓе и затоа сметаме дека научниците како Мариоа Ливио е вредно да се ислушаат и исчитаат. Токму за тоа зборува и делото „Галилео и оспорувачите на науката“.

Некои од другите дела на Марио Ливио

Според Ливио, Галилео бил ренесансен човек, обучен во уметноста (и го користел тоа кога цртал небесни тела) и на 24 години држел предавања за Данте, напишал есеј споредувајќи ја скулптурата и сликарството. Бил сестран човек, но во науката (механика и астрономија) ги направил најголемите придонеси.

Бил борец за интелектуалната слобода. Кога зборуваме за оригиналноста и креативноста, тие две работи не одат без интелектуалната слобода. Галилео сакал да го проучува слободното паѓање на објектите, но поради тоа што немало добри часовници, и затоа морал да го „растегне времето“, така смислил дека наместо да ги фрла објектите можел да ги тркала. Нужноста е мајката на пронајдоците.

Galileo: His Experiments | PBS LearningMedia

Се разбира дека модерното општество ги препознало неговите придонесите и му дало многу почести. Едната од нив е познатото вселенско летало, наречено Галилео, кое било лансирано во 1982 година и го посетило Јупитер и неговите месечини (кои ги открил Галилеј). Астронаутот Дејвид Скот на површината на Месечината пуштил чекан и пердув и тие паднале во исто време, како што предвидел Галилео.

The-Galileo-Spacecraft-and-Probe | The Human Adventures in Space Exploration

Галилео бил креативен мислител и кажал дека Универзумот е напишан на јазикот на математиката. Во негово време немало многу физички закони, всушност тој ги напишал првите. Но, имал интуиција дека тоа е јазикот на универзумот. По него другите научници го прифатиле тоа, од Њутн до денес, ако сакаме да дефинираме нешто во физиката, го правиме преку математиката.

Како и секој генијален човек, тој бил комплексна личност. Можел да ги поддржува другите од се срце, но тие кои му се противеле ги напаѓал жестоко и со сарказам, усно или писмено, а особено тие кои биле склони кон ненаучни објаснувања на природните и физичките феномени.

Послушајте повеќе во ова интервју со Марио Ливио:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *