Универзален мозок или свесен универзум?

Според новите студии универзумот е сличен на еден „голем мозок“!

Ова се засновува на проучувањата на структурата на мозокот, т.е. невроните (нервните клетки) и начинот на кој се поврзани галаксиите.

Се разбира, физичко-хемиските процеси се сосема поинакви, но организациска структура се чини прилично слична.


Пред некој ден пишувавме за галактичките филаменти (нишки) кои ја претставуваат врската помеѓу галаксиите и ги градат најголемите познати структури во вселената.

Ако земеме во предвид дека во човечкиот мозок има 70 милијарди неврони, а во вселената околу 100 милијарди галаксии, се чини дека и математиката оди во прилог на оваа хипотеза.

Во двата системи елементите се подредени во комплексна мрежа со јадра и врски помеѓу нив, а дури и начинот на кој материјата е распределена и бројот на врските се чини многу сличен.

Се разбира сето ова не зборува за тоа дека вселената е „свесна“, туку за истите и универзални физички принципи на градење природни мрежи. Сепак, во мозокот тие се во функција на оптимална комуникација и остварување на неговите задачи, но која е функцијата на тие мрежи во вселената, освен распределба на ресурси (пред се водород), останува под знак прашање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *