SoundBeamer 1.0, звукот е околу тебе, но никој не може да го слушне освен ти!

SoundBeamer 1.0 е производ кој може да ја емитира музиката директно во вашите уши без никој друг да на слушне. Според компанијата која го произведе овој необичен звучник „ова е тоа за што сите сонуваме, свет во кој музиката е само за вас, не вознемирувате никого, ниту тие вас.“

A photo of the SoundBeamer, a speaker that beams audio straight to your ears.

Океј, тоа се нарекува слушалки, нели, но што е разликата помеѓу обични слушалки и оваа технологија? Сајтот на кој изворно ја прочитавме оваа вест, Interesting Engineering не споделува никакви информации за тоа како оваа технологија остварува линк со нашиот мозок, аудиторен апарат или центарот за слух во мозокот, а тоа ни се чини многу поинтересно од едноставна реклама за компанијата Noveto Systems која го создала овој необичен звучник.

Да не се работи за некаков имплант во мозокот? (Илон Маск веќе си ги трие рацете!) Според сајтот Stereogum, во комбинација со технологијата за препознавање лице, звучникот има сензор кој го лоцира вашето уво и создава звучни џебови во него со праќање ултрасонични звучни бранови.

Ова звучи по малку застрашувачки, но сепак се чини дека по airpods, ова ќе биде новиот тренд во слушањето на музика и аудио. Уште да смислат начин како да се носи звучников надвор, можеби како бумбокс?

boombox - more normal than not

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *