Списанието „Галаксија“ веројатно заслужува еден многу подолг и поисцрпен текст, но за сега можеби е доволно да споделиме еден линк на кој има доста броеви од ова култно списание. Самите текстови и обработените теми, од кои многу се актуелни и ден-денес, најдобро зборуваат за квалитетот на ова списание.
„Галаксија“ излегувала од 1972 до 2001 година и била најзначајно списание за наука и научна-фантастика на просторите на поранешна Југославија и можело да се спореди со странските изданија како “Scientific American”.
Во времето пред интернетот, ова списание кое излегувало еднаш месечно, било главен извор на новости од светот на науката и го произвело и првиот југословенски персонален компјутер, наречен „Галаксија“.

За висококвалитетни скенови и уште повеќе броеви, посетете го овој линк.