Од каде потекнува гитарата?… a песната „Ој девојче, девојче“?

Овој текст беше првично замислен како вовед во историјата на музичкиот инструмент гитарата, но потоа испадна за потеклото на песната „Ој девојче, девојче (ти тетовско јаболче),“ како и еден мал (актуелен?) муабет за историјата, културата, музиката и мешањето на истите на Балканот.

Во видеото подолу се случува муабет помеѓу двајца љубители на гитарата и музиката ќе дознаете многу не само за историјата на гитарата, туку и на музиката општо.

На петтата минута се случува нешто интересно. Брендон Акер, музичар и историчар на музиката, го демонстрира звукот на арапската гитара која се смета за претходник на класичната гитара.

Песната која ја свири неодоливо потсеќа на македонската народна песна „Ој девојче, девојче (ти тетовско јаболче).“ Слушнете ја во изведба на Виолета Томовска, а потоа (се разбира) и Тоше Проески.

Со мало истражување дознаваме дека изворната песна е турска со назив Kâtibim или Üsküdar’a Gider İken, слушнете:

Оваа мелодија е искористена во многу култури и на многу јазици. Но, да ги прашаме Бугарите, можеби песната е нивна?

Шега на страна, има историчари и истрaжувачи (па и бугари) кои го признаваат историскиот и логичен факт дека културите се инспирираат едни од други и мешањето на фолклорот, јазиците, вкусовите и историите е еден природен процес кој се случува насекаде во светот. Тоа не значи дека заради тие сличности и влијанија некој има право да му го одземе идентитетот на другиот, нели. Дали српскиот и хрватскиот јазик се слични? А што е со црногорскиот или босанскиот?… примери се многу.

Токму од соседната Бугарија доаѓа еден интересен документарец за потеклото на песната „Ој девојче“, т.е. Kâtibim. На седмата минута од видеото се случува исто така една интересна работа која кажува многу за нас како народ, за нашата искреност и тоа зошто Македонија била „оаза на мирот“ за време на југословенските војни, зошто ние сме вистинска лулка на демократијата во која се признаени повеќе националности отколку кај сите наши соседи, примени повеќе бегалци и измешани повеќе култури отколку на другите места. Не за џабе во Италија овошната салата се вика „La Macedonia“!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *