Македонска заедница на reddit r/mkd/

Што е reddit?

Ако досега не сте живееле на некое недостапно место каде што нема интернет, веќе сте слушнале за Reddit.com, веројатно најдемократскиот социјален медиум кој постои.

Reddit им овозможува на корисниците да дискутираат и да гласаат за содржините кои ги постирале други. Колку е подобра вашата содржина, толку повеќе „карма“ поени имате.

Ако Фејсбук поврзува пријатели, Reddit поврзува луѓе кои не се познаваат и затоа идеите многу побрзо и полесно се шират преку Reddit.

Таму е најадете се, од наука до психологија, од анализа на популарни медиуми и политички прашања, до заедници за жонглирање или учење странски јазици… „Нема што нема“ на Reddit.

Reddit is experiencing another outage: Here's what we know - SlashGear

Како функционира Reddit?

Reddit е поделен во мали тематски групи наречени subreddits на кои се дискутира за одредена тематика.

Пример:

Reddit за наука https://www.reddit.com/r/science/

Reddit за вести: https://www.reddit.com/r/worldnews/

Reddit за миленичиња: https://www.reddit.com/r/aww/

Секој член може да учествува и да придонесува во групите на Reddit. Дури можете да направите ваша група која вие ќе ја менаџирате.

Македонскиот Reddit е мала заедница која брои околу 3.600 членови.

Линкот ке го најдете тука: https://www.reddit.com/r/mkd/

Ве покануваме да се приклучите и да продонесете со ваши содржини, па сите заедно да го направиме македонскиот reddit побогат.

Инаку и нашиот сајт arno.mk има свој subreddit кој ќе го најдете тука:

https://www.reddit.com/r/ArnoMK/

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *