Монолит на месечината на Марс?

Баз Олдрин (не Buzz Lightyear!), поранешен астронаут и втор човек кој стапнал на Месечината, во едно вирално видео зборува за монолитот на Фобос, едниот од двата сателити на Марс.

„Постои монолит, една многу невообичаена структура на овој мал објект во форма на компир кој кружи околу Марс еднаш на седум часа,“ зборува Олдрин во едно интервју од 2009 година.

Монолитот е висок 90 метри и се претпоставува дека е настанат како последица на удар на друг објект кој го исфрлил парчето карпа.

The Mars monolith (Credit: Mars Global Surveyor/Nasa)

Олдрин понатаму сугерира дека би требало да пратиме мисија таму и токму тоа е планот на e PRIME (Phobos Reconnaissance and International Mars Exploration) чија цел е да слета на Фобос (во близина на монолитот) и да собере примероци кои би дале одговор за потеклото на овој сателит. Но, иако се планира уште од 2007 година, заедно со мисијата Phobos-Deimos SRM (Phobos and Deimos Sample Return), до денес нема конкретен датум за двете мисии.

Додека научниците се занимаваат со прашањето за потеклото на овој монолит, нам ни останува да се потсетиме на книгата „2001: Вселенска одисеја“ (позната како „Одисеја 2001“) од Артур Кларк и филмот на Стенли Кјубрик од 1968 година, кој ден-денес, по повеќе од пола век се смета за најдобар и научно најточен СФ филм.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *